18 Мај, 2024
0.0289

Дали знаете кој е Милтон Глејзер?

Објавено во: Стил 23 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Повеќето граѓани на светот ја познаваат работата на Милтон Глејзер, иако не се свесни за тоа. Овој графички дизајнер е „татко“ на познатото лого „I Love NY“ кој се наоѓа на многу маички, шолји и торби ширум светот.

Глејзер тоа лого го дизајнирал во 1976 година кога Њујорк се уште нема толку туристи колку што има денеска. „Тогаш Њујорк бил место во кое било тешко да се живее“, рекол тој за „Гардијан“ и објаснил дека со тој знак сакал да порача дека го сака тоа место, дека нема да го напушти и дека ќе го направи подобро.

Познатиот дизајнер сега има 85 години и сака да го води студиото на Менхетен. Тој, покрај останатото, работел на логото за Бруклинската пивара, а го потпишал и плакатот за албум на најголемите хитови на Боб Дилан.

Неговиот последен проект е работата на капмањата „It's not warming, it's dying“ во соработка со училиштето за визуелни уметности во Њујорк како би ја унапредил свеста за климатските промени.

Глејзер во повеќе наврати ја посетил и српската престолнина. Тој во 2010 година во Белград ја имал изложбата „Цртањето е мислење“, а го направил и новото лого за Меморијалниот центар „Сајмиште“ заедно со светски познатиот графички дизајнер Мирко Илиќ.