06 Декември, 2025
0.0401

Даниел Кајмакоски – македонски претставник на Евросонг

Објавено во: Стил 13 Ноември, 2014 00:02

Добивај вести на Viber

Македонија го избра претставникот за Евросонг. На Скопскиот фестивал вечерва победи Даниел Кајмакоски и тој ќе патува следната година на изборот за песна на Евровизија, што ќе се одржи во Виена, Австрија. Кајмакоски настапи со песната „Лисја есенски“ за која освои 22 поени, доволно за првата награда од 20 илјади евра. Второпласирана беше Тамара Тодевска со песната „Брод што тоне“, која доби награда од 10 илјади евра, а на третата позиција е Евгенија Чанчалова со нумерата „Да не те сакам“, која освои парична награда од 5 илјади евра. Вкупно 20 изведувачи годинава настапија на Скопскиот фестивал, кој воедноо беше и национален избор за песна на Евровизија за Македонија. Победникот беше избран по принципот заедничка одлука на експертското жири и телефонското гласање, во рамноправен соодбос 50-50.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: