Даниловски вели дека е потребен викенд карантин
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Април, 2021
Потребен е викенд карантин за да се одморат здравствените работници, вели за Канал 5, епидемиологот Драган Даниловски.
Тој смета дека сепак треба да се воведат дополнителни рестриктивни мерки. Вели дека врвот на третиот бран може да го очекуваме за две недели, некаде кон средината на април. Смета дека полицискиот час од 22 часот дал резултати, затоа што без него кој знае колкав ќе беше бројот на заразени и починати. Даниловски рече дека нашиот народ живее нездраво и дека токму затоа Ковид-19 зема толку жртви.
„Тие се затвораат по кафеани, на домашни седенки, во обложувалници. Не се движат надвор, на свеж воздух. Повеќето се пушачи, нездраво се хранат и тоа се фактори придонесуваат болестите да имаат потешка слика“, вели д-р Даниловски.
Вчера починаа 50 луѓе како последица на коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.