04 Мај, 2024
0.0257

ДАНОЧНАТА РЕФОРМА ГИ ЗОВРЕ СТРАСТИТЕ: Експертите поделени за данокот кој може да ги дестимулира младите

Објавено во: Економија 31 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Се разгореа страстите по најавата на минисетрот Тевдовски дека прогресивното оданочување ќе започне со категоријата на граѓаните кои имаат над 1000 евра месечни примања и стапката за нив би изнесувала 18% за данокот на персоналниот доход.

Даночната најавена реформа која допрва ќе подлежи на експертска и граѓанска дебата предизвика голема загриженост, и покрај смирувањето на тензиите од страна на премиерот Заев.

Поделеност кај експертската јавност, но неодобрување и од вицепремиерот Анѓушев

Фискалните ефекти со прогресивниот данок со најавениот опфат ќе бидат многу мали, смета експертот Павле Гацов.

„Ако опфатот за прогресивната даночна стапка се задржи само на 2% од граѓаните, и ако прагот се подигне уште и над 1000 евра, фискалните ефекти ќе бидат многу мали. Воведувањето на уште една стапка, како и намалувањето на прагот за втората стапка ќе даде подобри фискални ефекти. Но оваа можност не е запишана во Владината Програма. 

Се пропушта можноста за опфат на сивата економија во даночниот систем, елиминирање на опцијата за исплата на плата во плико, неиздавањето на фискални сметки, итн,.. потоа заштедите кај буџетските трошоци како претходница пред било какво зголемување на даночниот товар итн. што е механизам за опфат на евазијата што ја има пред да настане нова евазија заради поголемиот даночен товар. Секогаш постои можност за даночна евазија во вакви ситуации, но фискусот има алатки за нејзино превенирање.“, е ставот на даночниот експерт Павле Гацов.

„Ова ли е рамката на тоа како СДСМ ја замислува средната класа во државава?“, прашува Сашо Ордановски?

„Како и да го интерпретирате, контекстот на исказот на министерот е дека се работи за екстремно мал број на луѓе кои имаат такви приходи, па нивното оданочување нема да предизвика голем социјален потрес во општеството. Но, ако се суди според големиот број на негативни реакции во јавноста, изгледа дека баш сите припадници на тие „два проценти од вкупниот број граѓани“ се побунија заради најавената мерка.

Од сето досега образложено во јавноста, државата не очекува некаков значителен годишен приход – 20-30 милиони евра – врз основа на вака предложеното, од Тевдовски, подигање на персоналниот данок. Според тоа, расправата е повеќе идеолошко-политичка, одошто буџетска и макро-финансиска.

Ако е така, треба да потсетиме дека токму г. Тевдовски, пред изборите, беше главниот промотор на идејата на СДСМ „за враќање на средната класа во Македонија“. Ова ли е рамката на тоа како СДСМ ја замислува средната класа во државава? Со плата од 1.001 евро? Или е ова одраз на кабинетско-левичарските, професорски, лишени од какво било практични претприемачко-капиталистички искуства, односно социјалдемократски-накај-комунистички вредности за кои се залага врвот на ова Министерство?“- напиша Сашо Ордановски.

„Прогресивниот данок е карактеристичен за секоја социјална држава, а рамниот вообичаено се поврзува со државите кои немаат такви аспирации. Прогресивниот данок се плаќа на годишните (вкупни) приходи.

Прогресивниот данок значи дека има категорија на луѓе кои плаќаат 0 данок и категорија луѓе кои плаќаат 60% данок.

Прогресивниот данкон е дел од систем во кој даноците на струја, вода, топлина исто така се прогресивни (по принцип на потреба и потрошувачка).

И секако значи дека нема 1600 луѓе кои седат со години дома и не работат а примаат плата затоа што некоја будала така мисли дека се обезбедува етнички мир“, е ставот на професорката Најческа на социјалните медиуми. 

Благица Сековска, професор доц. д-р на Земјоделски факултет на Фејсбук го напиша својот став за прогресивниот данок кој власта планира да го воведе. 

„За даноците...Дефинитивно прогресивна даночна стапка е вистински избор за социјална држава и навистина треба сите да плаќаме ако сакаме да имаме квалитетно здравство, образование и останати сервиси. Што во пракса тоа значи?? Тоа значи дека годишните приходи до милион денари треба да бидат без дополнителни давачки. Од 1-2 милиони (на пример) треба да имаат да речеме 10 или 15% данок, но само на делот што е над милион. Од 2 до 3 милиони 15 или 20 на пример, но само на делот што е над останатите категории. Тогаш, оние што имаат највисоки приходи ќе плаќаат и највисока стапка. Во моментов не е така. Предлогот сите што имаат над 1000 евра приход да бидат заедно во ист кош е тотално несоодветен и тоа не е прогресивна даночна стапка. Социјалната држава подразбира дека од една страна граѓаните совесно и во склад со својот приход плаќаат даноци, но од друга страна државните функционери и администрација тие приходи ги трошат совесно и одговорно. На пример во ЕУ е забрането да патуваш со прва класа, ако бараш сретства од буџетот на ЕУ, а исто така забрането е да ти се субвенционира такси (може само јавен превоз). Сопствено возило можеш да користиш по цена од 0,2 евро центи од километар, но само за 2000км месечно. Ако го надминуваш тој лимит, мора јавен превоз. И ред други правила.....Се се може и се се знае, само ако се сака и ако се има свест и политичка воља“ 

Партиски ставови

Опозициската ВМРО ДПМНЕ и БЕСА не го поддржуваат најавеното прогресивно оданочување.

„Најавата за воведување на прогресивен данок со покачување на данокот на доход од 10% на 18% е уште една од погубните политики на власта која ќе придонесе за дополнително осиромашување на граѓаните. Економското цунами Заев-Тевдовски-Анѓушев од почетокот на годината до сега го задолжи секое семејство со нови 1200 евра, без да реализира ниту една инвестиција, вели таа. 

„Државата се задолжува милиони, а граѓаните не знаат на што се трошат парите кои сите ние утре треба  да ги враќаме. Ваквото расипништво на СДСМ според најавите на Тевдовски многу скоро ќе го плаќаат граѓаните со над 1000 евра приходи. Покачувањето на даночната стапка најмногу ќе ги погоди младите професионалци од секторите како ИТ технологиите, здравствената заштита и слично, кои веднаш би ја напуштиле Република Македонија и би ја преместиле својата дејност во држави со поповолна даночна политика“ рече Кузмановска. 

Таа додаде дека зголемувањето на даночната стапка значително ќе влијае на зголемување на невработеноста, ќе ја зголеми даночната евазија, со што голем број на субјекти наместо да ги пријавуваат своите приходи целосно ќе се префрлат во полето на сивата економија. “- сметаа од ВМРО ДПМНЕ.

Од Беса пак пораки до министерот Тевдовски да не се брза со даночната реформа.

Движењето БЕСА апелира до Владата да не се избрзува со усвојување на оваа мерка без притоа да се калкулираат последиците кои може да ги предизвика една таква мерка врз даночната евазија, особено за информатичарите и воопшто врз секторот за информатичка технологија.

„Сметаме дека оваа категорија на претприемачи и професионалци Владата треба да ја гледа како стратешки партнер за основање на нови бизниси и намалување на невработеноста, бидејќи стимулативните мерки кон оваа категорија на претприемачи би создале поголем обем на работа, што воедно подразбира и повеќе данок за државата отколку зголемувањето на данокот на доход, кој може да има дестимулирачки ефекти и може да ја зголеми неформалната економија“, се истакнува во писмената изјава за медиумие на лидерот Африм Гаши.


ВЛАДАТА ЌЕ ГО ВОВЕДЕ ПРОГРЕСИВНИОТ ДАНОК ПО ИСЦРПУВАЊЕ НА ДЕБАТИТЕ

Премиерот Зоран Заев смета дека прогресивното оданочување треба да создаде правично и фер општество, зашто не може некој што има плата од 10.000 денари да плаќа ист данок со некој што зема 10.000 евра. Сепак тој не не кажува каков е неговиот став, дали прагот за повисоко оданочување треба да биде на 1 000 евра, како што претходно најави министерот за финансии.

„Премиерот треба на крајот да извлече заклучок кој е ставот, ако тој го каже ставот тоа ќе влијае на дебатата. Да оставиме дебатата да тече и луѓето да се изјаснат, да извадат аргументи и институциите ќе ги извадата аргументите.“- кажа премиерот.

Вицепремиерот Анѓушев веќе кажа дека не се согласува со предложениет праг и смета дека треба да биде повисок. Прогресивното оданочување треба да се воведе заради социјалната правда во државата, но откако ќе се исцрпат сите дебати вели тој. 

„Јас само отворив дилема дали 1.000 евра е можеби низок праг и дали можеби ќе ги дестимулира младите луѓе кои стигнале до таа плата. Ценам дека треба да водиме грижа за младите високообразовани кадри и да ги стимулираме да останат во земјава. Треба да се  грижиме и за професионалната класа и да не ја оптоваруваме, како и да зајакне средната класа“ – потенцира Анѓушев.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски