Гацов: Фискалните ефекти со прогресивниот данок со најавениот опфат ќе бидат многу мали
Објавено во: Финансии 30 Март, 2018 08:53
Голема загриженост покрена најавата на министерот за финансии Драган Тевдовски дека прогресивното оданочување ќе започне со категоријата на граѓаните кои имаат над 1000 евра месечни примања и стапката за нив би изнесувала 18% за данокот на персоналниот доход. Иако ова е само идеја дадена на дебата, јавноста веќе упати силни критики бидејќи постои страв дека и таа мала група на граѓани кои има солидни примања од доходовни професии ќе биде дестимулирана за напредок, ќе создаде услови за даночна евазија, а со оглед на тоа што според податоците кои министерот Тевдовски ги кажа за само 2% од вработените кои имаат приходи од над 1000% тогаш и самата мерка нема да донесе огромни нови приливи во буџетската каса. За начинот на кој би се пресметувала новата прогресивна даночна стапка, како и за фискалните и економските последици од неа разговараме со даночниот експерт Павле Гацов.
Фактор: Како според вас би се спровела оваа даночна измена за тие што имаат плата над 1000 евра, наместо со 10% да се оданочат со 18% за персоналниот данок на доход и какви би биле ефектите?
Пресметка
Рамен Прогресивен
данок данок
Бруто плата 110,000 Бруто плата 110,000
Придонеси 29,700 Придонеси 29,700
Лично ослободување 7,531 Лично ослободување 7,531
Основица за ПДД 72,769 Основица за ПДД 72,769
Персонален данок 7,277 Персонален данок 8,297
Нето за исплата 73,023 10% Х 60.000 6,000
18% Х(72.769 - 60.000) 2,297
Нето за исплата 72,003
Разлика на ПДД 1,020
Со оглед дека со персонален данок се оданочува доходот кој претставува збир на сите остварени приходи по сите основи во земјата и во странатво од страна на еден граѓанин, произлегува дека во оданочивиот МЕСЕЧЕН праг од 60.000 денари (БРУТО ИЗНОС) ќе бидат вклучени и ПЛАТИТЕ.
Фактор: Министерот Тевдовски наведува дека само 2% од вработените земаат плата над 1000 евра и затоа за нив е прифатливо да бидат оданочени со повисока даноќна стапка. Дали таквото прогресивно оданочување би дало позитивни ефекти во акумулација на средства во буџетот и дали е потребно да се направат повеќе доходовни категории со различни стапки на персонален данок?
Гацов: Ако опфатот за прогресивната даночна стапка се задржи само на 2% од граѓаните, и ако прагот се подигне уште и над 1000 евра, фискалните ефекти ќе бидат многу мали. Воведувањето на уште една стапка, како и намалувањето на прагот за втората стапка ќе даде подобри фискални ефекти. Но оваа можност не е запишана во Владината Програма.
Фактор: Во период кога се разговара за поттикнување на повисоки плати, дали „таргетирањето“ на овие вработени со плати над 1000 евра е контрапродуктивно и може да доведе до даночна евазија?
Гацов: Се пропушта можноста за опфат на сивата економија во даночниот систем, елиминирање на опцијата за исплата на плата во плико, неиздавањето на фискални сметки, итн,.. потоа заштедите кај буџетските трошоци како претходница пред било какво зголемување на даночниот товар итн. што е механизам за опфат на евазијата што ја има пред да настане нова евазија заради поголемиот даночен товар. Секогаш постои можност за даночна евазија во вакви ситуации, но фискусот има алатки за нејзино превенирање.
Автор: Христијан Станоевиќ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





