22 Ноември, 2024
0.0312

ДАНОК НА СОЛИДАРНОСТ: Еве кој ќе мора да го плати, а кој ќе се спаси - ДАЛИ ЗНАЕТЕ КОЛКАВИ СЕ КАЗНИТЕ АКО САКАТЕ ДА ГО ИЗБЕГНЕТЕ

Објавено во: Економија 12 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Веројатно моќните компании ги интересира што носи предлог законскиот текст за данокот на солиадрност. 

Како што веќе пишуваше Фактор, она што е клучно е дека овој данок ќе го плаќаат сите фирми што лани оствариле приход од над 10 милиони евра. Овие компании на разликата во добивката во однос на претходните три години, ќе платат данок по стапка од 30 отсто. За оние, пак, кои нема точно да ги пријават заработките или нема да го платат данокот, предвидени се и казни. 

Предлагач е Владата, а законот, за кој се предвидува во законодавниот дом да помине по скратена постапка, пред пратениците ќе го бранат министерот за финансии Фатмир Бесими и нивниот Заменик Филип Николоски.

Целта на овој закон е секој да учествува во намирувањето на јавните расходи во согласност со своите економски можности и на солидарен начин да придонесе за ублажување на последиците од кризата.

„Предлог законот предвидува воведување на данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка. Обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари (10 милиони евра –н.з)“, се наведува во законот.

Од Владата навеле дека овој данок ќе донесе во буџетот сума од околу 4,7 милијарди денари, што е рамно на 76,4 милиони евра.

Додаваат и дека не се работи за обемен и сложен закон, па затоа и се бара да се донесе по скратена постапка.

„Данокот за солидарност е еднократна јавна давачка за 2023 година и е приход на Буџетот на РСМ. Обврзник на данокот за солидарност е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари. При утврдување на висината на приходот се исклучуваат приходите во стечајна постапка остварени од продажба на имот за намирување на доверителите“, се вели воп законот.

Натаму, се додава дека по исклучок, обврзник за данокот за солидарност не е обврзникот кој почнал со вршење на дејност во текот на 2022 година, освен во случај кога почнувањето со вршење на дејност е резултат на статусна промена, потоа, има искажано нула износ на даночна основа по намалување во даночниот биланс за оданочување на добивка во сите периоди во кои вршел дејност, како и даночниот обврзмник кој престанал со вршење на дејност согласно Законот за трговските друштва, без да изврши статусна промена и поднесува последен даночен биланс за оданочување на добивка за даночниот период од 2022 година.

Она што е битно е следниов член.

„Даночната основа за данокот за солидарност се пресметува на начин што од износот на даночната основа по намалување утврдена во даночниот биланс за оданочување на добивката за 2022 година, се одзема просечниот износ на даночна основа по намалување утврдена во даночните биланси за оданочување на добивка за претходните периоди, зголемен за 20 отсто. Доколку е поповолно за даночниот обврзник, даночната основа за данокот за солидарност може да се пресметува на начин што од просечниот износ на даночната основа по намалување утврдена во даночниот биланс за оданочување на добивката за 2021 и за 2022 година, се одзема просечниот износ на даночна основа по намалување утврден во даночните биланси за оданочување на добивка за претходните периоди, зголемен за 20 отсто. Претходни периоди се периодите од 2018, 2019 и 2021 година...“, се вели меѓу другото во законот.

Стапката на данокот на солидарност, ќе изнесува 30 отсто, се нагласува во законот.

Со оглед на комплицираниот опис, сите заинтересирани можат да го погледнат законот тука.

А, не се мали ни казните. Па така, глоба во износ од 1.800 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе плати даночен обврзник правно лице, доколку е среден трговец и од 3.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на даночен обврзник - правно лице голем трговец за прекршок, ако не поднесе до Управата за јавни приходи соодветен образец за пресметување на данокот за солидарност во утврдениот рок. Глоба во износ од 150 до 500 евра ќе има за одговорно лице ако е среден и од 200 до 500 евра ако е директор кај голема компанија. Доколку, пак, данокот не се плати навреме во утврдениот рок, глобата е 1.800 до 6.000 евра за среден и од 3.000 до 10.000 евра за голем трговец, а истите казни како претходно се предфвидени и за директорите на фирмите.

Многу повисоки казни, пак, се предвиодени за фирмите што ќе сакаат да ги скријат приходите, односно неточно да ги прикажат, и со тоа да се спасат од данокот, односно тие се од 3.600 до 12.000 евра за среден трговец и од 6.000 до 20.000 евра за голем трговец, додека, пак, нивните директори ќе бидат казнети со 300 до 1.000 евра за среден трговец и од 400 до 1000 евра за голем трговец.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат