ДАРКО ЛАЗИЌ РАЗБУДЕН ОД КОМА: Лекарите со нови информации за пејачот
Објавено во: Општо 30 Октомври, 2018 06:30
Дарко Лазиќ е разбуден од вештачка кома, во која беше шест дена, откако минатиот вторник доживеа тешка сообраќајна несреќа во Брестач, а лекарите ги открија новите детали.
Во текот на вчерашниот ден докторите го разбудиле Дарко, кој од вторникот е во кома. Наводно, тие одлучиле да не му го даваат лекот кој го смирува и успива, додека шансите за опоравување сега се нешто поголеми.
Од моментот кога Лазиќ е примен во болницата тој бил во вештачка кома.
-За да има можност за опоравување мора да биде мирен, што се постигнува со лекови. Му се одзема свеста, мускулите се реласираат и се даваат лекови против болки, и се така додека организмот не се опорави малку. Потоа полека почнуваат да се исклучуваат лековите. Се враќа свеста, можноста за движење-наведуваат лекарите објаснувајќи ја ситуацијата во која се наоѓал Дарко.
-Со оглед на повредените бели дробови, пациентот останува и понатаму на апарати, со помош на која дише-додаваат лекарите, пренесоа српски медиуми.
-Сите се среќни. Идеме понатаму, веруваме во лекарите, тие даваат се од себе, има максимална нега, грижа, сериозен тим на експерти е покрај него и сите се трудат да биде најдобро. Тој е младо и здраво момче, и се надеваме на најдоброто-рекол пријателот на Дарко и телохранител Милан за Пинк.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





