19 Мај, 2024
0.0255

Давос 2014: И по шест поминати години финансиската криза сеуште опасност за светот?

Објавено во: Свет 23 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Над 2500 влијателни личности од политичката, економијата, меѓу кои и 40 шефови на држави и влади до сабота ќе полемизираат на најголемото економско собиралиште во светот Самитот до Давос. Меѓу присутните се и добитници на Нобелови награди, верски водачи, претставници на синдикати и невладини организации. Предвидени се 250 сесии. Банкарите собрани на самитот во Давос веќе разговараа за тоа дали финансиската криза конечно помина или можно е “демоните од минатото“ многу брзо да се вратат. Пазарите сега се безбедни, изјави извршниот директор на англиско – азискиот банкарски гигант HSBC Даглас Флинт, на тркалезната маса на Светскиот економрки форум. Би било неверојатно и шокантно после шест години од кризата системот да не е во подобра состојба отколку што беше пред кризата, додаде Флинт, оценувајќи дека многу е направено од катастрофалниот колапс на америкснката инвестициска банка Lehman Brother од 2008 година. Сирија и Украина топ темите За климатските промени ќе говори првиот човек на ОН, Бан Ки мун. Улогата на дипломатијата во разрешувањето на сирискиот конфликт, случувањата во Украина, се исто така на дневен ред. На Светскиот економски форум во Давос, главни теми се и економското заздравување, како и растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните. Светската елита во Давос Во Давос се очекуваат повеќе од 40 шефови на влади меѓу кои и австралискиот премиер Тони Абот кој претседава со Г-20, бразилската претседателка Дилма Русеф како и британскиот и јапонскиот премиер Дејвид Камерон и Шинѕо Абе. Меѓу 2.500 учесници на форумот од сто држави се и економски експерти. За безбедноста на учесниците во форумот ќе се грижат околу 3.000 војници. Македонија и годинава без претставник на Давос Од Македонија нема најави дека некој ќе оди на Светскиот економски форум во Давос.. Досега на светскиот економски форум во Давис учествувале само Киро Глигоров, Борис Трајковски и Стојан Андов.  На Давос не ве викаат заради функцијата, нив совршено не ги интересира дали сте претседател или премиер на некоја држава, таму ве викаат заради меѓународните контакти кои ги имате и впечатокот кој го имате оставено претходно, коментираат доброупатените. На Давос се оди со покана. На светскиот форум кој се одржува еднаш годишно, може да се учествува само доколку добиете лична покана. Македонија за да се врати во Давос мора самата да бара, да инсистира да учествува. Иако светскиот економски форум е од неформален карактер, а одлуките не се обврзувачки, сепак Давос се смета за клучен настан на светските моќници. М.И.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто