03 Мај, 2024
0.0264

ДАВОС: Чист воздух, бистра глава – кои се добитници,а кои губитници?

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Со студениот и чист воздух од Алпите, во друштво на светската политичка и бизнис елита, започна 47 от по ред Светскиот економски форум во малото, но луксузно швајцарско село Давос. Клучна тема на годинашниот форум е “Прилагодливо и одговорно лидерство“. Присуствуваат повеќе од 3 000 гости, меѓу нив менаџери од над 1 000 корпорации како и претставници на повеќе од 70 невладини организации. Втора година по ред, германската канцеларка Ангела Меркел нема да биде дел од елитниот собир, кој во регионалната но и во пошироката светска јавност предизвикува контраверзии. Свој претставник и годинава нема и Македонија.

Трамп и Меркел ги нема, кој е дел од “Давос“ ...

Со највисок степен на безбедност, Давос пречека повеќе од 3 000 политичари и бизнисмени од сите делови на планетата. Годинава, на престижниот Светски економски форум за прв пат присуствува и Си Џинпинг, кој е и првиот кинески претседател што е дел од елитниот собир. Тој, еден ден пред стартот дојде во Швајцарија  заедно со американскиот потпретседател Бајден. Според оценките на медиумите, токму оваа кинеско-американска двојка ќе биде во центарот на вниманието на светската јавност.

На самиот почеток  на форумот, главното предупредување го даде токму кинескиот претседател Џинпинг,  кој смета дека ако започне трговска војна меѓу Кина и САД од неа никој нема да излезе како победник, туку штети ќе претрпат сите.

Една од неговите клучни пораки беше да се ограничи државниот протекционизам, да се зголемат напорите за слободна трговија и да се придонесе во поголем економски раст и конкуренција на компаниите.

Хамлет без приказна. Така Давос изледа оваа година без Доналд Трамп“ – напиша угледниот Гардијан .

На годинашниот економски формум, најавено  е присуство на  новиот генерален секретар на ОН Антонио Гутереш.

Една од најмоќните сили во светот, САД е преставена од актуелниот државен секретар Џон Кери кој  служи на администрацијата во заминување. Неговите пораки веќе се упатени и до новиот претседател на Америка, како  предупредување дека Трамп има погрешна проценка за слабостите на американската економија и дека трговијата не е виновна за губењето на работни места.

Своето присуство го откажа израелскиот премиер Нетанјаху а втора година по ред, и германската канцеларка Ангела Меркел нема да биде дел од елитниот собир во Давос.

“Точно е дека патувањето во Давос беше рагледувано, но ние официјално никогаш не потврдивме дека ќе присуствуваме, така што ова не може да се толкува дека кацеларката го откажала присуството“ – изјавил за “Ројтерс“ портпаролот на Меркел.

Инаку, од 2005 година од кога стана канцеларка, Меркел седум пати била дел од економскиот собир во Давос.

Од помоќните  менаџери, милијардери се очекува, меѓудругите, присуство на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, кој сега е претседавач на далеку најголемата приватна фондација во светот.

Под закрила на растечкиот тероризам, закани и жртви, организаторите за годинашниот форум, обезбедија рекорден буџет за безбедносна  намена од 9 милиони швајцарски франци.

“Трошоците беа зголемени поради интензивната безбедност за учесниците и особено поради неопходните мерки за учесниците во сегментот на високо ниво. Нивото на опасност во Швајцарија е зголемено. Најверојатни се заканите од напад на поединци или мали групи извршители кои бараат помали логоистички напори“, рече  шефот за безбедност на Светскиот економски форум, Валтер Шлегел.

Инаку, Македонија и годинава нема свој пртеставник на Светскиот економски форум.

Богатите ја кројат судбината на сиромашните ...  

Давос 2017 година на маса има нови теми : САД доби нов претседател чија идна политика може да донесе геостратешки политички поместувања, се случи и Бегзит а сиромаштијата на глобално ниво во пакет со невработеноста – сеуште останаа отворени а не затворени теми.

„Светот се трансформира технолошки, економски, социјално и политички. Нема едноставни, готови решенија. Тоа што е под итно потребни се прагматизам и акции ориентирани кон иднината, дури и во форма на мали чекори, за да се осигураат позитивни приказни“, изјави Клаус Шваб, основач на Светскиот економски форум во Давос и порача :

Секоја пазарна економија произведува добитници и губитници. Системот е одржлив само ако меѓу победниците и губитниците има доволно солидарност“

Во најновиот извештај за кој ќе се дебатира, се нотираат политиките кои треба да го придвижат економскиот раст, во пакет со намалување на невработеноста, односно намалување на нееднаквоста, на начин што развиените земји во светот и земјите во развој треба да му дадат предност на животниот стандард пред апсолутниот раст.

Наспроти ваквите очкувања за темите на кои се дебатира, дел од регионалните медиуми анализираат дека елитниот собир под швајцарските Алпи, го зголемува бесот на јавноста поради елитизмот и глобализацијата.

Светскиот економски форум го следи развојот на следните индикатори: раст на БДП, перформанси на работната сила и здрав живот, среден Доход на домаќинствата, сиромаштија и нееднаквост и нето заштеди, демографија, задолженост, загадување на животната средина. Од 109-те испитани земји, 30 се на листата за напредни економии. Велика Британија е рангирана на 21, а САД на  23 то место. Првите пет места се резервирани за Норвешка, Луксембург, Швајцарија, Исланд и Данска.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите