Давутоглу: Има сериозни индикации дека атeнтатите се извршени од терористи
Објавено во: Балкан 10 Октомври, 2015 19:59
Турските власти имаат неспорни докази дека терористичките акти во Анкара беа реализирани од двајца луѓе самоубици, изјавил премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу.
„Постојат силни посредни докази дека терористичките акти биле реализирани од двајца терористи-самоубијци“, рекол Давутоглу.
Премиерот најави денеска во земјата тридневна жалост.
„Ова е напад на цела Турција, над турската демократија. Прогласуваме тридневна жалост во врска со денешната трагедија“, изјавил тој.
Според последните податоци бројот на жртвите досигнал 86 лица, а повеќе од 200 се повредени. 28 од нив се во критична состојба.
Меѓу повредените има и девет полицајци.
Досега ниту една терористичка организација не ја презеде одговорноста за нападот.
Во меѓувреме само неколку часа откако одекнаа двете експлозии, кои ја опустошија турската престолнина Анкара, во најголемиот град на земјата се собраа 2.000 лица на протест против насилството.
Учесниците во протестот скандираат и против турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган.
Главниот обвинител Харун Кодалак изјавил дека властите се исклучително загрижени од порастот на бројот на жртвите.
„Институтот за судска медицина во Анкара е преполн и мораме да создаваме центри во паркот до болницата на Универзитетот Гази. Ќе се потрудиме во истрагата на најкрваваиот атентат, по што на лице место се убиени 30 лица, а во различни болници од повредите умреа уште луѓе. Има уште настрадани и се во особено критична состојба и е многу можно бројот на жртвите да се зголеми“, изјавил обвинителот Кодалак кој се вратил од Истанбул во Анкара.
Почнала и обдукцијата на телата, а поради недоволниот капацитет во моментов на мртовечницата во Институтот за судска медицина тие се упатуваат кон универзитетската болница во Гази. Поради недостигот и на лекарите-патоанатоми во Анкара пристигнаа нивни колеги од Истанбул.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




