28 Мај, 2020
0.0491

ДДВ И ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА: Без промена на закон се зголемуваат даночните приходи во буџетот?!

Објавено во: Економија 16 Март, 2016

Истече рокот за поднесување на годишна даночна пријава за физички лица. Законски, обврска за пријавување имаат сите лица кои освен плата или пензија или имаат дополнителен приход од земјоделска дејност, приходите од кирии од издавање имот – закуп или подзакуп, самостојна дејност, хонорари, исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од наградна игра во износ поголем од пет илјади  денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни. Од Управата за јавни приходи соопштија дека досега се поднесени над 317 илјади даночни пријави. За оние кои нема да поднесат даночна пријава во законскиот рок, ќе следуваат парични казни. Граѓаните револтирани од намалувањето на прагот за регистрација Измени на Законот за додадена вредност, според кои прагот за регистрација за физичките и правните лица се намали од 2.000.000 на 1.000.000 денари, годинава предизвика бурни реакции кај граѓаните. Со новите законски решенија оваа категорија на граѓани кои досега не биле ДДВ обврзници, сега по автоматизам Упрaвата за јавни приходи ги прави ДДВ обврзници и се подложни на плаќањето на законски  предвидената обврска. Дополнително граѓаните се револтирани поради тоа што во пресметката на овој еден милион денари влегува не само 18 % ДДВ туку и персоналниот данок. Дел од даночните експерти  сметаат дека намалувањето на прагот за регистрација има за цел да ги зголеми бројот на даночни обврзници што ќе предизвика зголемување на приходите во Буџетот на Р.М. -Се работи за оданочив промет како критериум за влез во ДДВ режимот како за правни лица така и за  вршители на самостојна дејност, непрофитни субјекти, буџески корисници, граѓани. Со ваквите намалувања на прагот за регистрација се проширува даночниот опфат, односно бројот на обврзници на данокот на додадена вредност. Поголемиот опфат значи и поголема сума на даночни приходи во Буџетот на РМ. Од аспект на издашноста намалувањето на прагот за регистрација за ДДВ е позитивна мерка, но со истата се зголемуваат трошоците за администрирање со овој данок. Ефектот треба да се измери преку едноставна cost-benefit анализа. Мора да се има на ум, дека освен намалувањето на прагот за регистрација, Законот за ДДВ не е променет, така што опфатот на граѓаните во овој даночен режим произлегува само од поинакво толкување Законот за ДДВ во однос на порано!? Засега со ДДВ режимот се опфатени само граѓаните кои остваруваат приходи од издавање на имот на правни лица (напоменуваме дека овде не влегуваат оние приходи кои произлегуваат од издавање на имот на физички лица). Обврската за задолжително пресметка на ДДВ ќе ја зголеми цената на закупнината, но мора да се има во предвид дека примателот на прометот кој е ДДВ обврзник има право да го одбие влезното ДДВ од својата даночна обврска. За жал некои субјекти немаат право на одбивка на влезно ДДВ и тоа ќе ја зголеми нивната влезна цена. Граѓаните ДДВ ќе пресметуваат на закупнината зголемена за персоналниот данок на доход. Новото толкување на Законот за ДДВ има за цел остварување на фискални ефекти, зголемување на бројот на даночни обврзници, вели Павле Гацов директор на „Про Агенс” и претседател на Здружението на даночни експерти на Македонија. За намалувањето на прагот власта и опозицијата со контра ставови Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов деновиве обвини дека со намалувањето на прагот за регистрација индиректно се зголемуваат даноците и со тоа се прави обид за зголемување на приходите во буџетот. Тој посочи дека со Предлог-измените на Законот за ДДВ од јули 2014 година се намалил прагот за регистрација на ДДВ обврзниците, а четири години претходно во пакетот антикризни мерки е подигнат прагот на регистрација на даночните обврзници за ДДВ од 1.300.000 на 2.000.000 денари. Наумов изјави дека лани приходите по основ на ДДВ се намалени за 6,3 проценти од проектираните, а приливот од ДДВ е понизок од износот собран во 2014 година. - За колапсот на државната каса доволно зборува и фактот дека и покрај средствата од четвртата еврообврзница за само два месеци, Ставрески преку домашните аукции на државни хартии од вредност го зголеми нето долгот за нови 60 милиони евра. Колку е алармантна состојбата потврда е и закажаната аукција за наредниот вторник, иако нема доспеани долгови за враќање. Владата спроведе одредени мерки за зголемување на приходите во втората половина на 2014 и 2015 година, како што се проширување на данокот на добивка, намалување на прагот за регистрирање за ДДВ, изјави Наумов. На обвинувањата од Наумов реагираа од владејачката ВМРО ДПМНЕ. Од партијата посочија дека целта на тој потег била  одржување на фер конкуренција на пазарот и воедно подобро позиционирање на малите фирми на пазарот од аспект на нивна препознатливост како ДДВ обврзници и соработка со големите фирми. -Да го потсетиме дополнителниот заменик Наумов дека прагот за пријавување на ДДВ обврзници во Македонија секогаш се движел околу 1.000.000 денари, вклучително и во време на СДСМ кога прагот за пријавување ДДВ беше 1,3 милиони денари.За да им се помогне на фирмите полесно да ги пребродат последиците од економската криза владата на ВМРО-ДПМНЕ го подигна прагот за ДДВ обврзници на 2.000.000 денари и пред две години повторно истиот беше сведен на 1 милион денари, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Т.С

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТИ: Eврото скокна во однос на доларот

ВАЛУТИ: Eврото скокна во однос на доларот

УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ПОЧНУВААТ СО РАБОТА: Протоколот забранува организирање на прослави

УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ПОЧНУВААТ СО РАБОТА: Протоколот забранува организирање на прослави

По Германија, дали и Франција ќе оди во рецесија?

По Германија, дали и Франција ќе оди во рецесија?

Новак: Во однос на април побарувачката на нафта порасна за 20 проценти

Новак: Во однос на април побарувачката на нафта порасна за 20 проценти

ЌЕ ИМ ТРЕБААТ ГОДИНИ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА: Во Данска вакво нешто немало по Втората светска војна

ЌЕ ИМ ТРЕБААТ ГОДИНИ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА: Во Данска вакво нешто немало по Втората светска војна

Македонија се задолжи на меѓународниот пазар, ова е сумата и каматата

Македонија се задолжи на меѓународниот пазар, ова е сумата и каматата

ФАКТОР ДОЗНАВА: Владата пушти срце, локалите ќе работат до 22 часот

ФАКТОР ДОЗНАВА: Владата пушти срце, локалите ќе работат до 22 часот

ЗЛАТНИОТ НАКИТ НАЈБАРАН: Во време на пандемијата цената расте

ЗЛАТНИОТ НАКИТ НАЈБАРАН: Во време на пандемијата цената расте

Генералниот владин секретар денеска на состанок со странските инвеститори

Генералниот владин секретар денеска на состанок со странските инвеститори