13 Мај, 2024
0.0258

Дебакл за Трамп во Обединети нации, Македонија не го поддржа за Ерусалим

Објавено во: Свет 21 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп за поддршка од земјите членки на Генералното собрание на Обединетите нации при што се закани кон сите дека повеќе немада добијат американска финансиска поддршка доживеа тотален дебакл. Дури 128 земји членки гласаа да се почитува одлуката на Советот за безбедност за стопирање на признавањето на Ерусалим за главен град на Израел по едностраниот потег на Трамп кој предизвика масовни судири на Блискиот исток и закана за дестабилизација на еврејската држава и Палестина. 

Само 9 земји гласаа против резолуцијата на Советот за безбедност која претходно со вето беше блокирана од страна на САД. Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли исто така не успеа да обезбеди поддршка без оглед што се закануваше дека ќе бележи која земја застанала како сојузник за САД и дека ќе паметат за што ќе следи дипломатски реваншизам.

На седницата најгласни говори имаа дипломатите од Мексико и арапските земји кои жестоко го критикуваа непотребниот потег на Доналд Трамп. Ниту Македонија не даде поддршка за американскиот предлог иако спаѓа меѓу земјите која добива американска финансиска помош. Претходно од МНР посочија дека Македонија својот став по ова прашање ќе го усогласи согласно насоките на партнерите од Европската Унија како и за претходни принципиелни гласања во ОН.

128 земји ја поддржаа резолуцијата на Советот за безбедност, меѓу кои и голем број на земји членки на ЕУ и воопшто европски земји, како и многу земји кои важат за традиционални американски сојузници. 

35 земји членки беа воздржани за време на гласањето. 

21 делегација не присуствуваа на гласањето и тие земји најверојатно се ставија во подобра положба во однос на САД бидејќи со тоа што не се изјаснија не се директни виновници за пропаста на американската кампања иако не дадоа ниту поддршка.

Поддршка за САД дадоа само мали земји како Того, Микронезија, Наури, Палау, Маршаловите острови, Гватемала, Хондурас, како и секако Израел и делегацијата на САД.

Главната кампања против сад ја водеа Турција и Јемен, а претходно претседателот Ердоган посочи дека Трамп не може да ја купи слободната волја на народите со заканите дека ќе им ја укине паричната помош.

Следен чекор ќе биде враќање на одлуката во Советот за безбедност, а ако тоа не го дозволи САД тогаш ќе следи нова вонредна седница на Генералното собрание кое со надгласување ќе може повторно да ја демонстрира својата волја. 

Мнозинството во ОН ќе бара статусот на Ерусалим да се решава во директни преговори меѓу Израел и окупираната територија на Палестина со цел да се подобри мировниот процес.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи