ДЕЦАТА МОРА ДА ПРЕСТАНАТ ДА ГИ НОСАТ МАСКИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ: Дали ова барање на родителите ќе се оствари во второто полугодие?
Објавено во: Македонија 30 Декември, 2021
Родители од
повеќе основни училишта во Скопје инсистираат учениците во второто полугодие да
престанат да ги носта маските за заштита против корона вируспт. Велат дека им
создаваат многу повеќе проблеми и дека минимален број на деца досега биле
заразени со ковид и тоа не во училиштето, туку дома. Сметаат дека има други
начини како да се заштитат учениците од корона вирусот.
-Ваквото лудило во училиштата мора да престане. Ние сме далеку од оние теоритичари на заговори дека вирусот не постои, дека сме антиваксери или не знам што веќе, но носењето маски по цел ден е глупост. Ако ги следиме постапките на европските земји, може да воведеме сосема друг начин на заштита. И во Германија и во Франција и во други држави каде што има експлозија на вирусот, учениците во школите не носат маски. Пред да влезат ги тестираат и меѓу нив речиси и да нема ширење на ковид. Нашите деца навистина се за жалење, на чсовите маските им се до очите, а потоа ручаат заедно, каква заштита е тоа. Дел од оние, а навистина е минимален не се заразија во училницата, се заразија дома. Доста е веќе, во второто полугодие на ваквата мерка треба да и се стави крај и онака нашите здравствени власти велат дека состојбата е мирна. Зошто тогаш децата мора да се гушат со маските, велат група родители од повеќе скопски училишта-„Кирил Пејчиновиќ“, „Петар Поп Арсов“, „Димитар Миладинов“, „Војдан Черносрински“....
Посочуваат дека ниту во приватните компании, ниту во државните институции никој од вработените не носи толку долго маска колку што мораат учениците во текот на денот.
-Факт е дека со маска влегувам на работното место, но во канцеларија, во која сум со уште пет луѓе, ниту јас ниту колегите не ги носиме маските. Не знам како да објаснам, но едноставно е невозможно цел ден таа ткаенина да стои преку уста и нос. Од друга страна, на сите можни објави кои деновиве ги гледаме на Фејсбук од разни прослави, кои секако не се на отворено, туку во кафеаните, кафулињата, па дури и во фирмите, луѓето се без маски. Таму не се заразуваат ли со корона, само во школите ли има вируси. Мора да се најде друг начин...нека им прават брзи тестови, нека им мерат температура, но носење маска, особено кога ќе затопли е надвор од секоја здрава логика, вели мајка на две деца, која членува во Совет на родители.
Инаку, во петокот Граѓанската иницијатива која се залага за избор во однос на носењето на маски во училиштата, одржа протести во повеќе градови.
Иницијаторите нагласија дека за неколку дена оваа Иницијатива добила повеќе од 9,000 поддржувачи на социјалните мрежи. Инцијативата се залага за промена на ковид протоколите во образованието, односно употребата на маските да не биде задолжителна, туку да биде на избор на родителите.
За разлика од Македонија, голем број европски земји и покрај петиот бран на корона вирусот кој владее во Европа одлучуја во училиштата децата да не ги носта маските. Во повеќе германски покраини, во основните училишта, децата секое утро пред да влезат во училишната зграда ги тестираат со брзи тестови кои се обезбедени од здравствените власти. Во Франција, каде што во моментов има и по дури 10.000 новозарзени на дневна основа, исто така во училиштата не се носат маски, освен правење брзи тестови. Австрија и во текот на ланската година ја спроведуваше ваквата мерка.
Дали нешто ќе се промени со стартот на второто полугодие, македонските власти, ниту од секторот образование, ниту од здравствениот сектор не се изјаснија досега. Најверојатно за ова, како што велат и сам ите родители, ќе се чека мислење од Комисијата за заразни болести и тоа во текот на зимскиот распуст.
Инаку, сите извештаи во првото полугодие кои стигнаа од Минситерството за образование во однос на заболени ученици и во средните и во основните училишта покажуваат дека епидемиолошката состојба е мирна во училиштата и дека бројот на заразени ученици е минимален.
-Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Според последниот пресек на Министерството за образование и наука добиен од училиштата, околу 0,02% од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на Ковид 19, истиот процент е и кај наставниците. Од почетокот на учебната година до сега активни случаи од учениците биле 0,2%. Дел од нив се веќе негативни и вратени на училиште, а дел се уште се во изолација, посочуваат од МОН.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.