26 Април, 2024
0.0310

ЗАЕВ И ПЕНДАРОВСКИ ЕДНОГЛАСНИ - децидно не за било каква замена за членство

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Специјално партнерство, посебен статус, или нешто трето - Европска економска зона. Повеќе идеи, дали во форма на гласни размислувања или како еден вид нон пејпер документи, деновиве се слушнаа за начинот на кој земјава би се поврзала со Европската унија, како своевидна замена за полноправно членство. 

Откако поради противењето на францускиот претседател Емануел Макрон, Македонија и Албанија не добија датум за почеток на преговори со Европската унија, и самиот Макрон ја навести ваквата можност, на пресконференцијата по самитот на лидерите во Брисел. Потоа, пак, се појавија и медиумски информации дека Франција покренала неофицијални дипломатски консултации за можноста - на одредени земји од Западен Балкан наместо полноправно членство, да им понуди привилегирано специјално партнерство.

Со ова, на државите би им се понудиле финансиска помош, посебни аранжмани за пристап на европските пазари и други погодности, во замена за повлекување од полноправното членство.

Деновиве се слушна и идејата на Западен Балкан да му се понуди формирање на Европска економска зона. Се сметало дека Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, треба да добијат можност за пристапување во единствениот пазар, а државите што добро би ги спроведувале реформите, да добиваат повеќе грантови и инвестции. 

Властите во земјава велат децидно „не“ за сите вакви предлози. Вчера по тоа прашање прилично јасно се огласија и премиерот Зоран Заев, и претседателот Стево Пендаровски. 

На својот фејсбук профил премиерот вчера напиша дека земјава не прифаќа алтернативни решенија. 

„Нашата татковина припаѓа во ЕУ и затоа не прифаќаме никакви алтернативни решенија, како парнерства или посебни статуси. Сакаме во ЕУ затоа што сме европејци, работиме за тоа право и јас ве уверувам, ние ќе добиеме одлука за почеток на преговорите. Затоа што со ништо помалку ниту се согласуваме ниту прифаќаме. Ние припаѓаме на Европа и ги имаме истите права како и земјите членки на ЕУ и нема да го компезираме со друго право“, напиша премиерот Заев.

И шефот на државата беше прецизен. Пендаровски вчера го посети својот албански колега, Илир Мета, а на пресот беа едногласни дека за двете држави нема друга алтернатива освен членство во Европската унија. 

Пендаровски предложи и оддржување на вонреден самит, на кој ќе учествуваат земјите Западен Балкан, и на кој би се отфлиле сите алтернативи за евроинтеграцијата на регионот.

„Реално мислам дека и двете држави требаше да ги почнат пристапните преговори. Притоа ние потрошивме многу време на нашите европски пријатели, да ги убедиме дека не станува збор за давање на полноправно членство , туку станува збор само за почеток на еден процес кој сигурно ќе трае со години. Станува збор за многу долг процес во кој ќе има доволно време ние да ги имплементираме европските стандарди и принципи со помош на нашите европски пријатели и тоа е најдобриот начин за брзо правење на реформи“, рече шефот на македонската држава. 

Да не се прифаќаат алтернативи се согласија и сите први луѓе на партиите во земјава, на неодамнешната лидерска средба кај претседателот Пендаровски.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера рече дека отсекогаш цел на таа партија бил членство во Европската унија, а сега сите сме тажни поради неуспехот на земјава. 


Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица