19 Декември, 2025
0.0600

Дејан Лутовски, Левица: Власта ќе ја принудиме на големи отстапки!

Објавено во: Економија 21 Април, 2016 10:56

Добивај вести на Viber

Народниот изблик на незадоволство  е чувство за  пулсот на протестното движење, без намера вулгарно да се монополизира. Граѓаните  веќе девет дена преку протести на улиците  отворено го искажуваат својот гнев на автентичен и креативен начин,  но  протестите треба да продолжат со посилен интензитет за истите да вродат со плод и конечно  барањата на протестното движење “Протестирам”  да бидат исполнети- вели за Фактор, Дејан Лутовски од партијата “Левица”, кој секојдневно е на протестите.

На улиците според него секојдневно се гледа жедтта за слободата, слободното изразување, потребата од нов и свеж ветер против едноумието и криминалот, бидејќи ова не се протести со утврдена агенда, ниту нарачано присуство, туку слободно изразена воља за промени, да се принуди власта на уште поголеми отстапки под притисок на народното  движење.  Реката од народ на улиците е крик за промени кој го предизвика  скандалозната аболиција на претседателот, преку  неговиот противуставен обид да спаси 56 лица од судски процеси за криминал, корупција и изборни малверзации и спроведување на избори по секоја цена. Но денеска на улиците, вели Лутовски се случува  масовно граѓанско обединување,  бидејќи едноумието и криминалот мора да престанат.

“Очекуваме протестите да продолжат со посилен интензитет за истите да вродат со плод и барањата на протестното движење да бидат исполнети. Она што мора да се направи е да се принуди Власта на уште поголеми отстапки. Црвените линии мора да бидат задебелени бидејќи постои оправдан страв кај голем дел од граѓаните во истрајноста и решителноста на најголемата опозициона партија да ги артикулира народните барања. Речиси никој не сака реприза на она што се случи лани после 17 мај, задушувањето на револтот без долгорочен резултат. Незадоволството има уште простор да се артикулира појасно, но сепак сигурно е дека голем дел од граѓаните бараат ново општество и нов систем на вредности каде ќе нема место за корумпирани политичари, каде нема место за вазалскиот менталитет дека меѓународната империјалистичка заедница е заинтересирана за решавање на нашите проблеми, каде ќе се знае како и зошто се трошат јавните финансии”- смета  Лутовски.

26275632750_07ff7e327c_h

Социјалната правда и еднаквост на граѓаните како што вели треба да се приоритет за  праведно вреднување на работничкиот труд,  за што е потребно  масовно граѓанско обединување.

“Доколку Власта повторно се обиде да лажира избори,  а овде не мислам на каубојско крадење на гласови, туку пред се` на уцени, закани и притисоци тогаш револтот ќе стане уште пожесток и сигурно ќе имаме поенергична реприза на ланскиот 5 мај и овогодинешните априлски протести. Настрана од спиновите на владејачката пропаганда, никој не навива за голо насилство и крв по улиците. Насилството е само последно и изнудено решение кога друг излез не постои и кога изборот за многу луѓе се сведува дека мора да емигрираат за да не живеат во услови на отворена диктатура”-додава Лутовски.

Патот за нормализирање на земјава е како што вели  преку исполнување на  политичките договори и ургентните реформски приоритети за да се постигне сериозен напредок во прочистување на избирачкиот список но и  спречување на сите видови заплашувања или притисоци врз  гласачите. Дополнително  треба да се обезбеди  правично медиумско покривање, не само од државните институции, туку и од партиите, во соработка со граѓанското општество се  со единствена цел-  да се постигне демократски развој. Затоа граѓаните секојдневно се на улица, а земјава е далеку од обезбедување на тло за фер, демократски и кредибилен  изборен процес.

“Нашата позиција согласно нашите основни програмски начела е секогаш да го поддржуваме народниот изблик на незадоволство и да го чуствуваме пулсот на протестното движење, без намера вулгарно да го монополизираме. Затоа треба преку  протестите да се инсистира  на  итно повлекување на одлуката за аболиција, оставка на Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, но и основање Специјално одделение на Кривичниот суд надлежно за случаите на специјалното обвинителство. Потоа преку техничка влада да се  спроведат реформските приоритети од извештајот на Прибе, но и вклучување на претставници на граѓанското општество во преговорите за излез од кризата”-потенцира Лутовски.

Партијата  “Левица”,   додава граѓанскиот активист, во целост ги поддржува барањата на протестното движење “Протестирам”  бидејќи тоа е според него единствен начин за нормализирање на состојбите во Македонија, бидејќи целта е суштинска промена на општеството, а не само  замена на една власт со друга.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?