14 Декември, 2025
0.0639

Дејвид Камерон е разочаран од бавниот напредок во преговорите за буџетот

Објавено во: Свет 23 Ноември, 2012 13:41

Добивај вести на Viber

Британскиот премиер Дејвид Камерон  денеска изрази разочараност од малиот и бавен напредок во преговорите што во Брисел ги водат европските лидери, за новиот седумгодишен буџет на ЕУ.

Во изјава за телевизија Скај, Камерон рече дека „не е време за чепкање и мајсторисување со буџетот на ЕУ буџетот до 2020 година. - Тоа што сега ни е потребно тоа е неодложно кратење на буџетот, додаде тој.

Некои од европските лидери изјавија за британските медиуми дека спогодба околу ова прашање, сепак е можна, иако германскиот канцелар Ангела Меркел веќе навести дека можеби ќе биде потребен уште еден самит, најверојатно во јануари, за да се донесе новиот европски буџет.

Велика Британија инсистира на замрзнување или скратување на буџетот, како и на редуцирање на админстрацијата на Европската комисија за која се трошат „премногу пари“. Британската делегација на Самитот предупредува дека неможе да има раст на буџетот што ќе оди одново за аграрниот сектор. Британските дипломати сметаат дека ако воопшто има зголемување, тоа мора да биде насочено само во развојот и во новите технологии.

Според британските медиуми преговорите околу компромисот поминуваат во „пазарење“ меѓу земјите членки и нивните лидери, па Франција веќе најави дека нема да дозволи намалување на буџетот за аграрот, додека Велика Британија предупредува дека нема да се согласи со намалување на рибејтот (враќање на дел од парите што Лондон ги дава за ЕУ буџетот, затоа што користи малку средства за субвенции во аграрот).

Поранешниот белгиски премиер Гај Верховстад изјави за Скај дека има разбирање за барањето на Владата во Лондон за намалување на трошоците во ЕУ, откривајќи дека Унијата има двапати повеќе дипломати од САД и трипати повеќе војска, но смета дека британското притискање за намалување на буџетот е претерано. Предложеното зголемување чини само 50 пени по човек на ден, за секој жител на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск