Дејвид Камерон објави „војна“ на економското назадување на Британија
Објавено во: Свет 19 Ноември, 2012 13:14
„Војна“ на економското назадување на Велика Британија денеска објави британскиот премиер Дејвид Камерон и побара од сите Британци враќање на истиот оној дух што го имаа за време на Втората светска војна, што помогна за победа над Адолф Хитлер.
Во говорот пред делегатите на годишната Конференција на Конфедерацијата на британската индустрија, премиерот Камерон побара и администрацијата да го следи победничкиот дух за да може да се обезбеди враќање на економијата на „старите патеки“.
Тој смета дека сегашната економска ситуација е еднаква на воена, па затоа би требало и поинаку од обично да се реагира и да се дејствува.
- Во текот на Вторатата светска војна нормалните правила беа заобиколувани, конвенциите беа отфрлани, а се беше подредено на тогашната војна и потребата да се совлада Хитлер, истакна британскиот премиер.
Тој се согласува дека сегашната економска ситуација не е еднаква на воената од пред 70-тина години, но инсистира дека на земјата повторно и е потребен тој победнички и ентузијастички дух за излегување од актуелната криза.
Британската економија повторно се наоѓа во рецесија, во ситуација каква не е забележано уште од времето на 50-тите години на 20. век, за што, досега, Камерон и Владата, главно, ја обвинуваа кризата во еврозоната.
Според најновите прогнози на Банката на Англија, која во Велика Британија ја има улогата на централна банка, домашната економија ќе бележи назадување и во четвртиот квартал.
Банката предвидува само сосема мал раст на британската економија во следните три години, оправдувајќи ја ваквата прогноза со острите услови за кредитирање што ги имаат банките, со заканата од инфлација и со продолжување на кризата во еврозоната.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




