05 Декември, 2025
0.0349

Дејвид Камерон сам си меси леб

Објавено во: Стил 02 Октомври, 2013 11:54

Добивај вести на Viber

Британскиот премиер Дејвид Камерон вчера призна дека не знае колку чини лебот, затоа што сам го меси и пече.

Британските политичари редовно ги прашуваат за цените за да се провери дали знаат како живеат нивните сограѓани.

Камерон, кој се школувал во елитниот колеџ Итон и на Универзитетот Оксфорд, изјави дека не купува леб, затоа што користи домашна машина за месење и печење, а брашното го купува од воденица во својот изборен округ, во југот на Англија.

- Го ставате брашното во машината за леб, го местите тајмерот за да се вклучи машината во текот на ноќта и кога ќе се разбудите, преубав мирис се шири од кујната. Потребно е само 30 секунди да ставите состојки во машината, изјави премиерот за лондонското Радио LBC. Тој додаде дека неговите три деца го „обожуваат неговиот домашен леб“.

Водителот на радио-програмата сепак го информираше премиерот дека лебот во продавница чини 47 пени (0,56 евра).

Пред Камерон, конзервативниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, исто така поранешен ученик на Итон и Оксфорд, призна за радиото дека не ја знае цената на млекото.

Кога му било кажано дека млекото чини половина помалку отколку што тој проценил, Џонсон рече: - Ете, јас не ја знам цената на млекото, па што?

Потпретседателот на опозицијата, Лабуристичката партија, Мајкл Дагер за истото радио изјави дека премиерот „нема врска со реалноста“.

- Единствено изненадување беше што рече дека има машина за печење леб. Поголемиот дел од луѓето би претпоставиле дека тој има барем фурна, а не само таа машина, рече тој.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: