20 Декември, 2025
0.0487

Дел од украинските бегалци во земјава ќе го изучуваат македонскиот јазик

Објавено во: Македонија 14 Април, 2022 07:19

Добивај вести на Viber

Неколку семејства од бегалците од Украина кои најдоа засолниште во Македонија ќе почнат или веќе почнале да го изучуваат македонскиот јазик, со помош на Црвениот Крст.

Учењето на македонскиот јазик е можност која претходно ја добивале и бегалците од други земји. Сузана Тунева Пауновска, секретар во Црвениот Крст на Град Скопје вели дека онаму каде што има интерес за учење на јазикот, тоа и ќе биде овозможено. Се очекува бројот на луѓето кои ќе се приклучат на иницијативата да се зголемува.

„Бегалците од Украина кои се сместени во Струмица и Валандово имаат желба да го учат македонскиот јазик, и во тоа ќе им помогнат волонтерите. Тоа е со цел за нивна полесна социјализација и адаптација во средината“, вели Тунева.

Таа додава дека заклучно со завчера како бегалци кои имаат потреба од помош од Црвен Крст се пријавени 213 луѓе, од кои 170 се наоѓаат во Скопје. Но, бегалци има и во Куманово, Струга, Крива Паланка, Велес, Битола, Охрид.

Маријана Тошева, секретар на струмичкиот Црвен крст вели дека две лица, мајка и ќерка кои избегале од Украина поради војната и се сместени во околината на Струмица ќе го учат македонскиот јазик. Одредени сличности постојат помеѓу украинскиот и македонскиот јазик, но потребна е помош за полесно совладување и надминување на оваа јазична бариера.

„Нив им се пружа психо – социјална поддршка затоа што беа навистина потресени, претрпеле стрес. Со помош на волонтери, имаме ние и студенти по македонски јазик, ќе почнат со учење на азбуката и други основни работи. Тие нѐ разбираат нас, но не можат да зборуваат. Девојчето има 16 години и доколку ова потрае веројатно ќе треба да се запише на училиште. Планираме да направиме некој настан, да промовираат украински специјалитети, да организираме една македонско – украинска вечер, со цел да ги расположиме, и да си го исполнат времето“, вели Тошева.

Првите украински бегалци во земјава пристигнаа на почетокот на март, во Скопје. Тие имаат право на хуманитарна помош и здравствена заштита. Меѓу бегалците има луѓе од различни возрасни групи од бебиња па сѐ до луѓе во поодминати години. На 24 февруари Русија ја почна инвазијата на Украина, при што неколку украински градови беа на удар и таму уште има борбени дејствија. Засега нема договор за ставање крај на војната.

Сања Атанасовска

foto EPA/MIGUEL A. LOPES

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки