ДЕЛТА ДОСЕГА НЕ НАПРАВИ МУТАЦИЈА, НО ТОА Е НЕИЗБЕЖНО: Познат научник предупредува на Ковид-22 кој може да стане полош од она на што сме сведоци досега
Објавено во: Свет 23 Август, 2021 11:11
Aмериканскиот
научник Саи Реди, кој повеќе
од 15 години работи на Одделот за наука и инженерство на биосистеми на
ЕТХ во Базел, швајцарија, во интервју за весникот „Блик“ вели дека иако Делта варијантата досега не развила
нова мутација, сепак тоа е неизбежно во наредниот период.
-Тоа е неизбежно. Тоа е следната фаза на пандемијата кога Бета или Гама стануваат поинфективни или Делта развива мутации. Тоа ќе биде големиот проблем за наредната година. Ковид-22 може да стане полош од она на што сме сведоци сега. Ако се појави таква варијанта, мора да ја препознаеме што е можно порано и производителите на вакцини треба брзо да ја прилагодат вакцината. Појавата на оваа нова варијанта е голем ризик. Мораме да се подготвиме за тоа. Многу е веројатно дека ќе се појави нова варијанта каде што веќе не можеме да се потпираме само на вакцинација. И каде и да се појави, сигурно ќе стигне до Швајцарија. Затоа мораме да бидеме подготвени за неколку вакцини во следните неколку години, кои постојано се прилагодуваат на новите варијанти, нагласува научникот Реди за Блик.
Во однос на тоа како ќе изгледа иднината со оваа пандемија, професорот нагласува дека вирусот и човековиот имунолошки систем сега се тесно поврзани.
- Како двајца танчери: имунолошкиот систем се движи и вирусот реагира. Ќе танцуваме долго со вирусот. Веројатно со години, можеби до крајот на животот, вели познатиот научник.
ФОТО: ETH Zürich Foundation
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




