ДЕЛТА СОЈОТ Е ТЕМПИРАНА БОМБА: Научниците предупредуваат на силен бран кој ќе удри по невакцинираните
Објавено во: Свет 30 Јуни, 2021 09:56
Земјите со
ниска стапка на вакцинација се „темпирана бомба што чека да експлодира“ делта
варијантата на Ковид-19.
Овој бран на вирусот нема да
заврши добро за областите со мал
процент на вакцинирани,освен ако не се наметнат
маски и други мерки, напиша епидемиологот Ерик Фејгл Динг, од
Федерацијата на американски научници во Вашингтон.
Претставници на Светската здравствена организација бараат вакцинираните лица да продолжат да „играат на сигурно“ бидејќи голем дел од светот останува невакциниран, а многу заразни варијанти, како делта, се шират во многу земји, што го разгорува избивањето на нов бран пандемии.
И босанскиот микробиолог Бранко Рихтман во интервку за Н1 предупредува:
-Како и кај другите брзораспространети соеви, прашање на денови е кога делта варијантата ќе избувне на овие простори. Имајќи предвид дека мал број примероци се секвенционирани во нашата земја, како и дека границите се отворени и мерките се скоро непостоечки, веројатно е дека тој е веќе присутен и дека не сме го идентификувале. Затоа, вакцините се заштита! Сите вакцинирани во голем процент се заштитени - Фајзер штити до 96%, 14 дена по втората доза, АстраЗенека до 92%, 14 дена по втората доза, вели д-р Рихтман.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




