19 Мај, 2024
0.0259

ДЕМИР КАПИЈА – СМОКВИЦА: Изградбата ќе заврши, истрагата за криминал ќе продолжи!

Објавено во: Економија 26 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Вчера лидерот на ВМРО ДПМНЕ Груевски ја посети дел од трасата каде се гради автопатот Демир Капија Смоквица, каде се увери дека работите се одвиваат со соодветна динамика. Автопатот почна да се гради во септември 2012 година, а со неговата изградба се очекува да се скрати времето на патување и да се овозможи поголема безбедност во сообраќајот. Сепак засега постои доцнење во роковите за изградба, бидејќи првично требаше да биде готов до есенва, но сега се пролонгира за напролет. Изградбата на Автопатот ја следеа многу контроверзи Медиумите во Грција објавуваа дека грчките надлежни институции покренале истрага против компанијата Актор,  за наводен поткуп на официјални претставници во Македонија за да ја добијат работата на делницата Демир Капија-Смоквица. Во извештајот на ОЕЦД на кој се повикуваат грчките медиуми со наслов “Случај изградба на автопат” стои дека Грција го детектирала случајот од статиите во медиумите испратени од страна на Работната група на ОЕЦД во мај лани. -Грчка градежна компанија наводно понудила поткуп на официјални претставници од ПЈРМ за да го добијат договорот вреден 270 милиони евра за изградба на автопат во таа земја. Градежните работи на Демир-Капија Смоквица почнаа во септември 2012 година, а грчката компанија го доби договорот иако имаше значително повисока понуда од околу 40 милиони евра во однос на конкурентите. Вклучени се филијала на грчката компанија во поранешната југословенска Република Македонија и поединци од Грција. Во Грција прелиминарната истрага за перење пари и мито  е во тек. Грција побарала правна помош од ПЈРМ во јуни 2014 годинадодека чека одговор на барањето, побарала за помош да посредува европскиот  Еуроправда, се наведува во извештајот на ОЕЦД објавен на 20-ти овој месец. Во Скопје пак СДСМ обвини за афера АКТОР, во која се тврдеше дека во кеш се одлевани пари од компанијата. Обвинителството покрена случај но засега нема разврска. Се очекува дека и откако ќе заврши изградбата, да продолжат двете паралелни постапки што ги водат обвинителствата во Македонија и Грција. Ќе се комплетира коридор 10 Нова патна делница по Kоридорот 10 со должина од 28 километри се гради надвор од демиркаписката клисура од десната страна на реката Вардар и поминува низ живописна природа и се одликува со благи кривини и угорнини. Со завршувањето на патната делница од Демир Kапија до Смоквица ќе се комплетира автопатскиот дел од стратегискиот Kоридор 10 на македонска територија. Оваа инфраструктурна артерија нашата земја ја поврзува на север со Европа и на југ со Солунското пристаниште, а дури 70 отсто од увозот и извозот се одвиваат по неа.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа