15 Мај, 2024
0.0308

Денеска е погребот на Амди Бајрам, МЗ повикува да се одржи според протоколите

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Најдолгогодишниот пратеник во Македонија, Амди Бајрам, и покрај препораките на МЗ, денеска ќе биде погребан на гробиштата во Бутел. Како што информираат блиски на семејството, погребната поворка ќе тргне од неговата куќа во Бутел во 14 часот.
Неговиот пријател Аднан Мемет на својот Фејсбук профил објави повик до сите, како што вели, „Роми и не-Роми“ за последен пат да го испратат до неговиот вечен дом.

- Да откорнеш гранка од едно дрво многу боли, да искинеш лист од гранката може повторно да расте. Да го снема дрвото, дури тогаш се чувствува празнина. Едноставно го нема, а толку често го имаше, секогаш беше тука, што просто да не ти се верува дека повеќе го нема. Семејството Бајрам изгуби сопруг, татко, родител, дедо. Ромската нација го изгуби својот татко, изгуби борец, изгуби патриот! Амди Бајрам им помогна на сите! Амди Бајрам беше другар со сите! Соработник, пријател, партнер и народен човек!!! Ги повикуваме сите кои го почитуваат ликот и делото на Амди Бајрам! Ги повикуваме сите на кои им помогна, роднини, пријатели, политичари, бизнисмени, организации и сите Роми и не-Роми, за последен пат да го испратиме до вечниот дом, затоа што заслужува, затоа што беше голем Ром и пред се голем човек! Телото на Амди Бајрам ќе биде погребано на градските гробишта во Бутел! Поворката ќе тргне од 14.00 часот од семејната куќа во општина Бутел, напишпа Мемет . 

Општината Шуто Оризари денешниот ден ќе го прогласи за ден на жалост во чест на починатиот поранешен претседател на партијата Сојуз на Ромите.  Во општината за претпладне предвидено е според медиумските најави да се одржи комеморативна седница. 

Министерството за здравство апелира до најблиските на починатиот политичар Амди Бајрам да не организираат масовен погреб по неговата смрт откако се врати ос свадбата на неговата внука во Турција.

Од таму следат вакви повици откако кај починатиот Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на ковид-19.

„Министертството изразува сочувство до семејството и апелира, во интерес на заштита на нивното здравје, во целост да соработуваат со надлежните служби, како и да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од понатамошно ширење на инфекцијата од ковид-19“, соопштија од министерството.

Од таму потврдуваат дека долгогодишниот политичар веќе бил починат кога бил доведен во болница, а откако му бил земен брис, резултатот потврдил присуство на вирусот ковид-19.


Можеби ќе ве интересира

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат

БЕЌАРОВСКИ НА ДЕМИРИ: „Се надевам дека објавата е без ваше знаење и одобрение, јавно оградете се од оваа несреќна објава и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед“

БЕЌАРОВСКИ НА ДЕМИРИ: „Се надевам дека објавата е без ваше знаење и одобрение, јавно оградете се од оваа несреќна објава и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед“

Тинејџер пронајден мртов во бања во Тетово

Тинејџер пронајден мртов во бања во Тетово

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

ЕВЕ ЗОШТО Е РАЗРЕШЕН МЕДИЦИНСКИОТ ДИРЕКТОР НА ТОКСИКОЛОГИЈА, МЗ ОБЈАВИ ПИСМО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОИ СЕ СПОМЕНУВА И Д-Р БЕЌАРОВСКИ: Беќаровски најави тужби

ЕВЕ ЗОШТО Е РАЗРЕШЕН МЕДИЦИНСКИОТ ДИРЕКТОР НА ТОКСИКОЛОГИЈА, МЗ ОБЈАВИ ПИСМО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОИ СЕ СПОМЕНУВА И Д-Р БЕЌАРОВСКИ: Беќаровски најави тужби

УЧИТЕ ГЕРМАНСКИ ЗА ДА СЕ ИСЕЛИТЕ: Колку време ви треба да стигнете до Б1 нивото?

УЧИТЕ ГЕРМАНСКИ ЗА ДА СЕ ИСЕЛИТЕ: Колку време ви треба да стигнете до Б1 нивото?

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ОТКРИ КАКВИ СЕ ПЛАНОВИТЕ СО ГРУЕВСКИ СЕГА КОГА ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ: „Тој сега си има работа со Република Македонија“

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ОТКРИ КАКВИ СЕ ПЛАНОВИТЕ СО ГРУЕВСКИ СЕГА КОГА ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ: „Тој сега си има работа со Република Македонија“

ЕВЕ СО КОЛКУ ИМОТ РАСПОЛАГА НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СПОРЕД ПОСЛЕДНИОТ АНКЕТЕН ЛИСТ: Имот на нејзино име нема, но има неколку штедни книшки со пари

ЕВЕ СО КОЛКУ ИМОТ РАСПОЛАГА НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СПОРЕД ПОСЛЕДНИОТ АНКЕТЕН ЛИСТ: Имот на нејзино име нема, но има неколку штедни книшки со пари

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок