Денеска е последен ден за трошење на платежните картички, остануваат многу неподигнати
Објавено во: Економија 15 Август, 2020 07:00
Денеска официјално истекува рокот за трошење на домашната платежна картичка на оние граѓани што ги исполнија условите од оваа мерка што беше дел од третиот пакет-мерки на Владата за поддршка на економијата, а воведен поради корона-кризата.
Банките имаа рок да ги издадат до 18 јули, а граѓаните може да ги искористат најдоцна до денеска, додека вчера беше последниот работен ден за нивно подигнување за оние кои се уште ги немаа превземено од банките.
Заклучно со 7 август, според податоците кои ги добивме од Министерството за финансии, биле подигнати 310.121 платежни картички, што е за 5.188 повеќе во однос на стартот на месецот, во вкупен износ од 27.106.094 евра. На подигнатите картички за трошење има уште неколку милиони евра.
За домашна платежна картичка беа впишани над 324 илјади граѓани, во четири категории. Заедно со прифатените приговори имаше 333.697 корисници вкупно заведени во Министерството за финансии.
До сега ја искористиле 116.268 невработени во износ од 1,046 милијарди денари, како и 109.363 граѓани со низок приход во вредност од 328 милиони денари. Ја подигнале и 80.451 млади лица на чија сметка имало 241,3 милиони денари и 4.039 медицински лица со 51,2 милиони денари.
Антикризната мерка имаше за цел да се пуштат во оптек поголема количина средства во економијата со купување домашни производи и услуги, заради поддршка на потрошувачката за време на стагнацијата предизвикана од коронавирусот.
Картичките ги издаваа девет банки, а тоа го почнаа од почетокот на јуни. Некои од нив ги испраќаа до домашна адреса, а дел ги информираа граѓаните кога им е изготвена картичката за во одреден ден во одредена локација да отидат и да ја подигнат, со цел да не се создава метеж во експозитурите и да се заштити здравјето на граѓаите и на вработените.
Според последните податоци, најголемиот дел од нив се трошеа по маркетите, а најголема еднократна помош - 9.000 денари добија социјалните категории и невработени што се активни баратели на работа и кои остваруваат низок доход
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили




