17 Мај, 2024
0.0262

Денеска отворање на понудите за механизација од 19 милиони евра на АД ЕСМ

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Отворањето на понудите за набавка на сопствена механизација во вредност од 19 милиони евра на АД ЕСМ за потребите на РЕК Битола испратени на јавниот повик е закажано за денес попладне, а најдобрата понуда ќе биде избрана по завршувањето на постапката согласно Законот за јавни набавки.

Отворањето на понудите беше закажано за 23 јанураи, но беше одложено за една недела поради големиот број на прашања пристигнат од потенцијалните понудувачи. Интересот на економските оператори за оваа набавка е во рамките на очекувањата, велат од Електрани на С.Македонија,  а бројот на понудувачи ќе се знае по отворањето на понудите.

„Отворањето на понудите беше првично закажано за 23.01.2020 година, но беше одложено согласно можностите што ги дава Законот за јавни набавки, на барање на повеќе економски оператори. Пред се, заради подготовка на документацијата која економските оператори треба да ја поседуваат за да учествуаат на јавната набавка“, гласи одговорот од АД ЕСМ.

Претпријатието познато под поранешното име EЛЕМ пред еден месец објави јавен повик за набавка на помошна механизација за РЕК Битола во вредност од 19 милиони евра во која се вклучени 47 машини за ископ на јаглен. Јавната набавка доцнеше поради анализите и измената на Законот за јавни набавки. Објавената јавна постапка е само прва фаза од процесот на осамостојување на РЕК Битола за целосно самостоен ископ на јаглен, а ќе следуваат уште две фази.

Во последните десет години за ангажирање на помошна механизација од надворешни фирми РЕК Битола има платено повеќе од 90 милиони евра. 

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА