03 Мај, 2024
0.0246

Денеска почнуваат летните диети, но 78% луѓе брзо ќе се откажат

Објавено во: Стил 27 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Понеделник е најпопуларното време за почеток на диета, а баш е карј на месец мај во кој многумина размислуваат за виведување на промени во исхраната како на плажа би се покажале во најдобро издание, покажа истражувањето на британскиот портал BodyProject.com направено на повеќе од 1000 луѓе.

Според нив, 69 посто од луѓето кои денеска почнуваат со диета во последните два дена јаделе повеќе затоа што до крајот на летото планираат да се ограничуваат од калоричната храна, пишува Daily Mail.

Иако на почетокот на диетата луѓето се поголеми ентуијасти и насочени кон резултат, мотивацијата многу брзо паѓа па 86 посто од нив прекинуваат со диетата после седум дена, известуваат истражувачите.

Околу 38 посто од жените признаваат дека секоја година околу 12 пати почнуваат со диета, а најпопуларните режими на слабеење се Палеолитска и Аткинсова диета. Најголемото искушение на оние кои сакаат да ослабнат започнува во 20 часот, бидејќи баш тогаш многумина чезнеат за чоколадна и друга калорична храна, особено после целодневното ограничување.

Многу луѓе на диета очекуваат брзински резултати, а ако не дојдат за неколку дена тогаш многу губат надеж и се откажуваат, ибјаснуваат истражувачите.