19 Мај, 2024
0.0320

Денеска пред три години беше потпишан Преспанскиот договор, ќе се прославува на 1 и 2 јули

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Денес, 17-ти јуни, се одбележува 3-годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, но според претходно објавената агенда за Преспа форум дијалогот, ќе се одбележува на 1 и 2 јули. Ќе се одржува меѓународна конференција на две локации, во Охрид и во Преспа, а домаќин на собирот ќе биде министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Се очекуваат на меѓународната конференција која ќе биде организирана по овој повод во Македонија да пристигнат околу четириесетина високи функционери од Европа и од САД. Меѓу нив ќе бидат медијаторот за спорот за името Метју Нимиц, поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, поранешната висока преставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан, некои  потписници, а некои учесници на историскиот настан во Нивици/Псарадес.

Од САД ќе дојдат помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер, како и Метју Палмер, негов заменик, кој е одговорен и за Западниот Балкан. Од ЕУ ќе присуствува и специјалниот преставник за Балканот, Мирослав Лајчак. Од регионот на форумот ќе учествуваат премиерите на Србија, Ана Брнабиќ, на Албанија Еди Рама, на Косово Албин Курти и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Листата на министри е подолга и на неа се шефовите на дипломатиите на Турција, Мевлут Чавушоглу, на Унгарија Петер Сијарто, на Романија Богдан Ауреску, на Хрватска Гордан Грлиќ-Радман, на Косово, на Црна Гора и на Полска. Старите пријатели на Македонија, исто така ќе земат учество – од Џорџ Робертсон, поранешен генерален скеретар на НАТО, Ален Лероа, специјален преставник на ЕУ за Македонија, па до Тим Џуда, експерт за регионот, а ќе дојдат и првите луѓе на ОБСЕ, на Советот на Европа и на други организации, вклучувајќи ја и поранешната европарламентарка со остар јазик, Дорис Пак. 

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична