Денеска протест против поскапувањето на струјата во неколку градови, главниот во Скопје
Објавено во: Економија 14 Август, 2020 08:32
Денеска ќе се одржи Протесниот марш против поскапувањето на електричната енергија во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга, а главниот ќе се одвива во Скопје и ќе започнат во 18 часот, додека оној во Куманово во 14 часот. Централниот во Скопје ќе започне од паркот во Чаир и Жена Парк и ќе се маршира до Влада.
При изразувањето на незадоволството ќе се бара укинување на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на електричната енергија од 7,4 отсто и формирање на тело во Собрание кое ќе ги разгледа и адресира сите жалби на граѓаните кон енергетските компании.
-Регулаторната комисија за енергетика веднаш да ја укине одлуката за поскапување на електричната енергија за 7.4 отсто и да ја намали цената за потрошувачите за 46 отсто. Владата да го намали ДДВ од 18 во 5 отсто, да го елиминира монополот на компанијата ЕВН со укинување на договорот со цел да и се стави крај на нивното некоректно и нечовечко однесување. Да се национализира дистрибутивната мрежа и да создаде олеснителни политики за простување на долгот на социјалните случаи, порача вчера Кренар Османи, еден од водачите на протестот.
Во советот на протестот членуваат повеќе страни меѓу кои е и Конфедерацијата на независните синдикати во Македонија, која повика на масовно присуство на протестот. Ова е втор протест, откако првиот протест се организираше во Чаир, Тетово, Гостивар и Куманово.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




