Денот на независноста
Објавено во: Стил 09 Септември, 2019 13:20
Славиме ден на љубов, а кога ќе се завртам околу се’ помалку љубов гледам. Стануваме завидливи, пресметливи, груби и лоши. И тоа не само кон другите, туку и кон сами себе. Ете, славиме ден на мајките, кога безглаво трчаме по цвеќиња кои ќе свенат за ден-два и со кои ќе свене и нашата моментална посветеност и пак ќе се вратиме на рутински прашања “како си”, без да го чуеме одговорот. Истиот ден е посветен и на жената, кога по продавниците се купува ко да ќе е утредента судниот ден, а во сето тоа лудило најмалку има почит и вредност кон жената која сака внимание секој божји ден (впрочем како и секое живо битие на планетава).
Славиме се’ што може да ни притекне, помпезно и со страст која не знаеме да ја пренесеме во реалниот живот. Оти толку не’ бива да сме посветени на идеали или луѓе. Сакаме драма која најмалку има врска со постојаност во она во што веруваме или го љубиме. Одамна ништо не славам. Некои ми се лутат, некои ме разбираат. Најчесто ми се лутат кога не честитам верски празници, иако низ годиниве се обидував да објаснам дека моите 3 збора не вредат ништо, ако не го практикувам она што ќе го напишам. И повеќе сакам да го живеам она што е во склад со мојата природа отколку да се распишувам за тоа. Поважно ми е да знаете дека сум тука за да помогнам колку можам и како можам, отколку да ви редам зборови.
Целата колумна на Ана Бунтеска прочитајте ја на Женски магазин.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





