20 Декември, 2025
0.0601

Има работа за занаетчии, недостигаат добри пекари, чевлари, бравари

Објавено во: Мои пари 17 Декември, 2013 19:13

Добивај вести на Viber

Занаетчиите побараа поголема финансиска поддршка, практична едукација на млади кадри и услови за развој на дејноста. Голем дел од нив сметаат дека занаетите не изумираат, а укажуваат дека  младите се заинтересирани за отворање свој , мал занаетчиски бизнис, бепе посочено на отворање на манифестацијата „Денови на занаетчиството“. Според министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, старите занаети се потврда за нашата историја, култура и уметничките вредности. Како центар на оваа гранка ја посочи Старата скопска чаршија „Нашите музеи поседуваат извонредни збирки народни носии, ткаени волнени килими, филигран, слики од срма, сувенири од дрво, крзно кожа, резбани икони, јамболии, грнчарија и експонати кои се производ на веќе изумрени техники на изработка. Заедничка е обврската да демонстрираме највисок степен на одговорност за негување на оваа традиција“, забележа миистерката која додаде дека Владата презема низа активности за ревитализирањена Чаршијата. Занаетчиите пак се пожалија дека грантовите што се доделуваат се мали и укажаа дека без пари тешко се развива нов бизнис. „Занаетчиството е потреба и на граѓаните и на стопанството. Некои традиционални, стари занаети изумираат, за нив веќе нема потреба, ја завршиле својата улога. Но, тоа не значи дека и техниките на изработка се забораваат. Ги поврзуваме со нешто ново, современо. Така продолжуваат да живеат“, изјави Снежана Денковска, извршен директор на Занаетчиската комора. Над 300 занаетчиски дејности се регистрирани во земјава, но нема доволно кадри за сите. Бројот на активни занаетчии е околу 7.000. Организирани се во 14 локални занаетчиски комори, а во сејноста најбројни се фризерите, козметичарите, сервисери на компјутери и бела техника, графичката и услужната дејност, металската струка. Статистиката покажува дека недостигаат пекари, чевлари, бравари и металозаварувачи. Како дел од манифесацијата  „Денови на занаетчиството“ и годинава се доделуваат признанијата „Занаетчија на годината“ и „Признание за најуспешните“.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии