24 Јуни, 2025
0.0315

„ДЕНОВИВЕ ЌЕ СЕ ЗНААТ ИМИЊАТА НА МИНИСТРИТЕ И ЗАМЕНИК МИНИСТРИТЕ“: Касами за прегрупирањата, „Влен“ и официјално една партија

Објавено во: Македонија 20 Мај, 2025 14:27

Добивај вести на Viber

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами по оставките на дел од владините функционери од редовите на Алијанса за Албанците (АА), истакна дека станува збор само за неколкумина индивидуалци, додека останатите ќе продолжат да бидат дел од Владата и новоформираната партија „Вреди“. 

На новинарско прашање како ќе се постапуваа откако се формираа три крила на Алијанса за Албанците, Касами рече дека таа партија е една која е дел од коалицијата „Вреди“ и во иднина ќе биде дел од истоимената заедничка партија.

- Една е Алијанса за Албанците, таа што е дел од коалицијата „Вреди“, има процедури од правен аспект кои се во судска постапка. Ние се надеваме дека тоа брзо ќе заврши во интерес на вистинската да кажам Алијанса на Албанците. Но, за нас важно е каде се гласачите на АА, а гласачите на Алијанса на Албанците се дел од „Вреди“ за тоа што беа важен чинител на победата во парламентарните избори. 

Од формален аспект, веќе е донесена одлука да „Вреди“ стане политичка партија и политички субјект. Така да за нас е многу помалку важно, дали ги имаат печатите или не, за нас е важно гласачите на Алијанса на Албанците да бидат таму кај што беа на последните парламентарни избори - рече Биљал Касами по настан во Тетово каде беше во својство на градоначалник.

Прашан кој ќе ги замени тие што поднесоа оставка во Владата, Касами рече дека во тек се консултации со премиерот.

- Овие денови ќе се знаат имињата на министри, заменик министри. За нас е тоа важен процес, затоа што министерството за здравство е многу важно министерство за да имаме резултати кои сме ги нуделе на граѓаните на последните парламентарни избори. 

Само индивидуи кои соработуваат на некој начин или форма со ДУИ не се добредојдени, но ние цениме дека Алијанса на Албанците и сите кои сакаат да останат во Алијанса на Албанците и следователно на тоа и на Вреди, се добредојдени. Така да веќе почна тоа како процедура - рече Касами.

Претходно на пресконференција во Собранието координаторот на „Влен“ Беким Ќоку посочи дека „Вреди“ ја официјализира пратеничката група на со девет пратеници, а десеттиот, како што најави се очекува да им се приклучи по оставката на пратеникот Салим Сулејмани кој викендов се повлече од пратеничката функција.

-  Денеска сме тука да ја претставиме пратеничката група Влен која поради случувањата што веќе и се познати на јавноста, бараше повторна потврда и разјаснување за тоа како ќе продолжи како пратеничка група. Тука сме официјално да ве известам дека до денес пратеничката група на Влен брои девет члена, додека во наредните денови верувам ќе ни се придружи десеттиот член, потоа единаесеттиот, а зошто да не и 14 и практично со тоа со десет членови ние сме најголемата албанска албанска пратеничка  група во Собранието на Република Северна Македонија.

 Пратениците кои учествуваат во оваа група се Африм Гаши, координаторот на пратеничката група Беким Ќоку, Аднан Азири, Мерита Колчи Коџаџику, Имрлије Салиу Фетаи, Саранда Имери Стафаи, Беким Сали, Калтрина Беќири и Фериде Хаџиу - рече Ќоку.

Потенцира дека го информирале и претседателот на Собранието за членовите на оваа група и побарале нова реконфигурирање на пратеничката група да се одрази и во соодветните работни тела на Собранието. Очекува оваа обврска да се исполни наредните денови.

- Ја користам оваа можност да им се обратам на тие 107 илјади гласачи кои го дадоа својот глас за Коалицијата Влен дека ние пратениците овде присутни продолжуваме да остануваме лојални на договорот што го склучивме со нив  на 8 мај 2024 година и дека сме доследни и непоколебливи кон програмските определби и изборните ветувања  со кои не овластија да бидеме нивни претставници и претставници на народот, рече Ќоку.

Упати апел до другите пратеници Албанци, особено на колегите кои го добија мандатот под Коалицијата Влен, да се приклучат на оваа група во, како што рече, овие клучни времиња за земјата за да го спроведат до крај мандатот на оние граѓани кои им ја дадода својата доверба под слоганот „Промените вредат“.

- Нивниот глас овде не вреди повеќе отколку овде заедно со нас. Никаде на друго место, туку овде заедно за нас. Пратеникот како претставник е институција е сам по себе и затоа има автономија за донесување на одлуки. Влен продолжува уште посилно и пообединето, убеден албанскиот граѓанин мрази поделби и сака единство. Локалните избори наесен ќе бидат доказ дека бевме и сме во право и дека она што го направивме навистина вредеше, рече Ќоку.

Тој нагласи дека десеттиот пратеник кој се очекува да се официјализира и да припаѓа на нивната пратеничка група по оставката на пратеникот Салим Сулејмани.

Информира дека водат разговори со сите пратеници, а особено со тие кои беа во пратеничката група Влен, односно пратениците од Алијансата на Албанците крилото на Арбен Таравари. Потенцира дека со нив имаат колегијален и пријателски однос. Како што рече, ниту тие самите не знаат што се случува со самата партија.

Ќоку нагласи дека не очекува оваа смена и организација на работните тела да влијае врз Бадентерот, оти, како што рече, пратеници од немнозинството има кај сите парламентарни партии.

Фото: Принтскрин/Фејсбук/МИА

Можеби ќе ве интересира

НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА: Србин спаси девојче од Македонија

НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА: Србин спаси девојче од Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По една година владеење Мицкоски се пофали со многу проекти, СДСМ вели дека граѓаните се соочуваат со економска криза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По една година владеење Мицкоски се пофали со многу проекти, СДСМ вели дека граѓаните се соочуваат со економска криза

МИЦКОСКИ: Веќе вклучуваме во 5-та, па и 6-та брзина и очекувам преку 400 проекти

МИЦКОСКИ: Веќе вклучуваме во 5-та, па и 6-та брзина и очекувам преку 400 проекти

МНР: Избегнувајте патувања во земјите од Блискиот Исток

МНР: Избегнувајте патувања во земјите од Блискиот Исток

ГЕОРГИЕВ ОД БРИСЕЛ: Бугарија е доследна, проширување ќе има само ако се почитуваат договорите

ГЕОРГИЕВ ОД БРИСЕЛ: Бугарија е доследна, проширување ќе има само ако се почитуваат договорите

ИСЛАНД Е НА ВРВОТ: Каде е Македонија на листата на најбезбедни земји во светот?

ИСЛАНД Е НА ВРВОТ: Каде е Македонија на листата на најбезбедни земји во светот?

„Запознајте го Бујар Аземи, сопственик на небезбедната зграда - без документација, без одобрение за градба“: Арсовска продолжува со шокантните објави

„Запознајте го Бујар Аземи, сопственик на небезбедната зграда - без документација, без одобрение за градба“: Арсовска продолжува со шокантните објави

Обвинение за членот на полициското обезбедување на премиерот Мицкоски

Обвинение за членот на полициското обезбедување на премиерот Мицкоски

МАЈКА СО ТРИ ДЕЦА УТРЕ ЌЕ БИДАТ ЕВАКУИРАНИ ОД ИЗРАЕЛ - ќе летаат до Атина, и понатаму има наши сограѓани во земјата

МАЈКА СО ТРИ ДЕЦА УТРЕ ЌЕ БИДАТ ЕВАКУИРАНИ ОД ИЗРАЕЛ - ќе летаат до Атина, и понатаму има наши сограѓани во земјата