06 Мај, 2024
0.0326

Деновиве користете полесна празнична исхрана

Објавено во: Стил 23 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Празниците се време за забави, со многу алкохол и храна. Сепак, една од негативните страни на хедонизмот е покачувањето на телесната тежина. Ако сакате да се забавувате, а да ја задржите идеалната тежина, тогаш ќе мора да користите трикови за справување со искушенијата.

1. Користете помала чинија

Се работи за едноставен психолошки трик. Земете помала чинија наместо поголема. Речиси секаде имате на располагање чинии за вечера и за десерт. Одберете ја онаа за десерт, затоа што кога гледате во полна чинија, без разлика колку е таа мала, мозокот ќе биде излажен дека сте изеле многу повеќе и на тој начин побргу ќе се заситите.

2. Јадете зеленчук

На најголем дел од забавите каде што се служат ордевери, има и порции зеленчук. Направете си услуга и послужете се прво со зеленчукот. Кога желудникот ќе ви се наполни, потоа нема да имате уште многу место за храната со висока калорична вредност.

3. При јадењето, стојте и разговарајте

Застанете колку што можете подалеку од масата на која е послужена храната, со малата чинија што претходно ја одбравте. Разговарајте со некого додека јадете, за да не можете да посегнете по репете.

4. Една голтка алкохол – неколку голтки вода

Алкохолните пијалаци се доста калорични, но тоа не значи дека треба сосема да се лишите од нив. Напијте се неколку голтки по здравицата, но потоа испијте чаша вода. На овој начин, желудникот ќе се наполни, а вие ќе имате впечаток дека сте испиле повеќе.

5. Поделете го десертот

Ако на забавата служат торта или други слатки, прашајте го партнерот или некој пријател, дали сака да поделите едно парче. Многу е веројатно дека нема да бидете единствениот гостин што внимава на храната.

6. Не јадете нешто што не ви се допаѓа

Ако пробате некое егзотично овошно колаче што има вкус на картон, тогаш оставете го. Зачувајте ги тие калории за нешто што навистина ќе ви се допадне.

7. Верувајте му на телото

Кога ќе се почувствувате заситени, време е да се оттргнете од храната и да се зафатите со некоја друга активност. Разговарајте со пријателите, играјте игри, пејте... Запомнете, празниците се време кога треба да бидете радосни и весели, а не шанса да се прејадете до тој степен што потоа ќе ви се лоши и ќе се мразите себеси.