ДЕСЕТ ДРЖАВИ ЈА НАДМИНАА ГРЦИЈА: Од Грците во ЕУ се посиромашни само Бугарите
Објавено во: Економија, Балкан 16 Септември, 2024 18:08
Нашите соседи Грците сега и официјално се втори најсиромашни во Европa.
Грција често се споредува со Бугарија според куповната моќ, пренесува Investor. Додека порастот на грчката економија малку го подигна животниот стандард во споредба со просекот на ЕУ, ова подобрување е минимално. Тоа не ја подигна Грција од позицијата на најсиромашна земја во еврозоната, пишува „Грик репортер“.
До 2009 година, БДП по глава на жител на Грција беше блиску до просекот на ЕУ. Сепак, оттогаш 10 држави ја надминаа Грција во однос на животниот стандард. Грците сега се втори најсиромашни во Европа, само Бугарија заостанува.Во 2023 година грчката економија порасна за 2 отсто, но сиромаштијата не се намали.
Според ЕЛСТАТ, 26,1 отсто од грчките мажи и жени биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост во 2023 година. Тоа е околу 2.658.400 луѓе. Стапката на сиромаштија во 2022 година изнесуваше 26,3 отсто.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




