Добивај вести на Viber
Соединетите Американски Држави ја имаат најмоќната војска на светот со буџет од 612 милијарди американски долари. САД на армијата трошат повеќе отколку сите преостанати девет земји на листата заедно. Меѓу нивните воени сили се истакнува морнарицата со 19 носачи на авиони, додека останатите земји заедно имаат само 12. Американското воздухопловство е исто така најголемо на светот, а земјата поседува и најголем нуклеарен арсенал.
Русија го зазеде второто место со 766 илјади активни војници. Од 2008 година буџетот за војската на Русија се зголеми три пати и изнесува 76,6 милијарди долари. Во рускиот тенковски оддел има 15.500 оклопни возила.
Кина - буџетот за армијата изнесува 126 милијарди долари, но според неофицијални информации таа сума би можела да биде и поголема. Со активни 2.285.000 војници, претставува застрашувачки голема воена сила.
Индија за војската издвојува 46 милијарди долари, но до 2020 година тој износ треба да се зголеми и да ја доведе земјата на четврто место по издвојувањата за одбраната. Засега земјата е на прво место по увоз на воена опрема, а поседува опрема со која може да ја погоди секоја точка во Пакистан и поголем дел од Кина.
Во
Велика Британија за војската се издвојуваат 54 милијарди долари, а до 2020 година треба да биде ставен во употреба носачот на авиони „Кралица Елизабета“ со палуба со површина од 4,5 хектари.
Франција за армијата издвојува 43 милијарди долари годишно, а во текот на 2013 ги замрзнаа овие издвојувања и го намалија бројот на вработени во воените сили за 10% бидејќи сакаат да заштедат за воведување на напредна технологија.
Војската на
Германија зад себе има силна економија, па земјата неодамна им понуди помош и на источноевропските земји-членки на НАТО. Буџетот на војската е 45 милијарди долари, има 183.000 активни војници и уште 145.000 во резерва.
Буџетот на војската на
Турција е 18,2 милијарди американски долари, а наскоро се очекува зголемување за 9,4%.
Јужна Кореја на војската троши 34 милијарди долари, а издвојувањата ги зголеми заради вооружувањето на Кина и Јапонија, но и заради заканите од Северна Кореја. Има 640.000 активни војници и 2,9 милиони во резервен состав. Во сопственост на земјата се и 2.346 тенкови и 1.393 авиони.
На десетто место е
Јапонија, која за војската троши 49,1 милијарди долари и има 247.000 активни војници. Може да се пофали со 1.595 авиони и 131 брод.