19 Декември, 2025
0.3107

Десетина проверки на квалитетот на бензинот и дизелот за една година

Објавено во: Економија 11 Март, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Со акредитираната мобилна државна лабораторија минатата година Државниот пазарен инспекторат направил десетина надзори на квалитетот на бензинот и дизел горивото наменети за малопродажба. Двата полугодишни извештаи на ДПИ велат дека немало отстапување при контролите на примероците.

Инспекторатот кампањата ја започна изминатата пролет во 2021 со инспекциски надзори кај 5 бензиски станици. Кај 2 од нив е утврдено отстапување од граничната вредност на Еуро Супер 95, според Правилникот за течни горива. но крајниот епилог бил дека немало манипулирање со квалитетот на горивата.

- По барање на субјектот била побарана втора анализа , на вториот  примерок што е кај субјектот. По завршување на постапката за контрола на вториот примерок  по барање на субејктот се утврди дека квалитетот на горивото е во согласност со Правилникот за течни горива. Согласно закон направена е трета суперанализа на третиот примерок од страна на ДПИ и со истата е потврдено дека квалитетот на горивото е согласно Правилникот. Со што постапката е завршена, се вели во одговорот на инспекторатот до „Фактор“.

Во втората половина на 2021 со мобилната лабораторија извршени се 4 инспекциски надзори со направени 8 анализи на бензин и дизел гориво.

- По добивањето на резултатите беше констатирано дека контролираните субјекти се во граничната вредност согласно Правилникот за течни горива и не се евидентрирани отстапувања, додаваат од ДПИ.

Изминатата пролет кога започнаа контролите беа најавени засилени контроли со оглед на тоа што лабораторијата е мобилна. Беа најавени испитувања и на влезот на државата, односно на граничните премини.

Инаку во двата полугодишни извештаи инспекторатот издал околу 3.700 налози за плаќање на казни во збирна висина од околу 12,8 милиони евра по разни основи.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии