16 Мај, 2024
0.0392

Деспотовски: Компаниите сами да кажат дали имаат газди функционери

Објавено во: Економија 24 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Сопствениците на компаниите кои беа избрани за кофинасирање на проекти преку Фондот за иновации и технолошки развој ќе треба во рок од 15 дена да достават до Фондот изјава дали се поврзани со носители на јавни функции. Ако било кој од нив се изјасни дека е така, директорот на Фондот Јован Деспотовски ќе побара од Комитетот за одобрување да ја преиспита одлуката за доделување на грантот. Директорот денеска на прес конференција се правдаше дека сосптвеничката структура воопшто не е критериум за избор, но повика сопстевниците сами да си кажат ако на некаков начин се поврзани со функционери од актуелната или поранешната власт. За следниот оглас тоа ќе биде и вметнат критериум. Деспотовски не чувствува вина, но вели дека никој не е безгрешен, па призна дека огласот покажал дека има потреба од промена на критериумите.

„Ќе ги повикам сите, да достават изјава дали имаат во сопственичка структра лице кое е носител на јавна функција. Иако сопственичката структура не е критериум, тие ќе треба самите да се декалираат дали се поврзани или не. Оние кои ќе го декларираат тоа, согласно насоките од премиерот, ќе побарам повторно да се разгледаат. Дали тие компании ги исполнуваат сите критериуми и дали ќе добијат средства ќе зависи повтрно од одлуката на Комитет за одобрување“, рече Деспотовски.

На следниот повик во самите критериуми, изјавата за поврзаност со носител на јавна функција ќе биде задолжителен критериум. Деспотовски вели дека процесот бил транспарентен, но дека никој не бил безгрешен. Потстети дека ниту еден договор не е потпишан и сите ќе бидат потпишани по овој рок од 15 дена за изјаснување.

Не сакаше да коментира дали има ли не, конфликт на интереси во некои од случаите за кои пишуваше јавноста

„Јас не сум тој да оценувам дали има или не. Функционерите се изјаснуваат. Ја разбирам реакцијата од јавноста, рече Деспотовски.

И на прес конференцијата не ги откри имињата на 80те домашни експерти кои ги оценувале апликациите во претселекција со образложение дека нема дозвола од нив за тоа. Рече дека единствен јавен е податокот за членовите на Комитетот на одобрување во кој членуваат петмина странски експерти. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА