22 Ноември, 2024
0.0285

ДЕТАЛИ ОД ИЗМЕНИТЕ ЗА ДДВ: Колку поевтинуваат храната и енергијата, Законот се носи денеска

Објавено во: Економија 11 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Неколку клучни промени содржи предлогот на Владата за Измени на Данокот на додадена вредност кои се дел од усвоениот пакет мерки, што произлегоа од актуелната кризна состојба и поскапувањето на нафтата и нафтените деривати и основните продукти во прехраната. Законот веќе е објавен и стасан во Парламентот, а според последните информации претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска во 15 часот ја закажа седницата на која на дневен ред се измените и дополнувањата на овој закон и на Законот за акцизи. Фактор пренесува дел од измените на Законот за ДДВ со кои е предвиден нула данок на некои производи и намалување на стапката за увоз на енергенти. Законите ќе се носат по итна постапка.

Во предлогот има нов член кој овозможува во кризна состојба ДДВ стапката на некои продукти да не се наплатува.

„Во услови на природни и други непогоди во Република Северна Македонија, на прогласена воена состојба, на утврдено постоење на вонредна или  кризна состојба, кога настанале или би можеле да настанат сериозни пореметувања во снабдувањето  на населението или пореметувања во други области кои го загрозуваат живот и здравјето  на луѓето, сериозни  пореметувања на домашниот пазар поради недостаток на стоки неопходно потребни за производство, преработка и за животот и здравјето на луѓето, како и во услови на потреба за обезбедување на производи и суровини, кои се од посебно стратешко значење за Република Северна Македонија, се ослободува од данок на додадена вредност, прометот на производи за човечка исхрана, стои во предлог измените.

Премиерот Димитар Ковачевски веќе соопшти дека станува збор за неколку производи - леб; шеќер;  брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко, свежо месо; ориз и јајца.

Со предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се ослободува од данокот на додадена вредност увозот на природен гас и електрична енергија преку систем за пренос.

Со членот 4 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се дава можност на Владата да примени повластена даночна стапка која изнесува 10 отсто, врз прометот и увозот на енергенти, за определен временски период во определени услови.

Што друго има во измените -  се продолжува примената на повластена даночна стапка од 5 отсто на електричната енергија за домаќинства до 31 декември 2022 година.За тоа премиерот завчера изјави дека е со цел да се ублажи ценовниот удар од растечката цена на електричната енергија на светските берзи и се заштити животниот стандард на граѓаните.

Дополнително со предлогот на Законот се пропишува примената на повластена даночна стапка од 10 отсто за електричната енергија за домаќинства да важи од 01.01.2023 до 30 06.2023 година.

Законот треба да се носи по скратена постапка. За измените не се предвидени финансии од буџетот, но со законот Владата се откажува од некои приходи, односно измените ќе имаат негативен ефект за приходите.

Министерот за финансии Фатмир Бесими веќе изјави дека пакетот мерки меѓу кои се измените и на Законот за ДДВ ќе чини 400 милиони евра. Околу 90 милиони евра се откажувањата, а 310 милиони евра се нови трошоци.

Со пакетот мерки има измени и на Законот за акцизи кои се однесуваат на горивата. Владата предвиде субвенции односно ваучери за најранливите категории на граѓани за основни производи за исхрана.

Тоа се ваучери во вредност од 1.000 денари месечно, за период од три месеци за околу 35.000 граѓани. Тие треба да се користат за купување основни производи.

Беше највено и дека ќе има субвенции за пензионерите од 1.000 денари за 3 месеци или вкупно 3.000 денари кои би се користеле за купување на основните производи.

За субвенциите до сега не се соопштени никакви детали, па не се знае дали ќе се даваат на сметка, кога и во кој формат.

А.Т.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027