05 Декември, 2025
0.0398

Детали од сослушувањето на Мишковиќ:Не заработив 21 милион евра,туку само 2

Објавено во: Балкан 16 Декември, 2012 12:13

Добивај вести на Viber

Во соработката со Мило Џурашковиќ заработив два милиони евра, изјавил Мирослав Мишковиќ на сослушувањето. Тој негирал дека заработил 21 милион евра преку приватизацијата на претпријатието за патишта, сума за која го сомничи и полицијата и обвинителството. -Зградата ПЗП „Партизански пат“во Таковската улица беше под хипотека. Таа хипотека ја активира банката кога ја превземав зградата и морав да платам 8,8 милиони евра. Во таа работа ги вложив и парите од хипотеката за куќата на ќерка ми. Таа хипотека чинеше 5,5 милиони евра, кои исто така морав да ги платам, објаснил Мирослав во обвинителството. Тој нагласил дека во работата влегол за да заработи, и дека се што работел го правел според законот, како и дека одлуките ги донесувал тој, а не неговиот син Марко, преку чие претпријатие се извршени транскациите. Според српските медиуми истрагата за Мишковиќ се очекува да биде проширена, инаку против Мирослав сеуште не е покрената финансиска истрага според законот за одземање на имотот. Мило Џурашковиќ пак на сослушувањето тврдел дека се во прашање регуларни, правни соработки помеѓу приватни претпријатија, дека не соработувал со ниедно државно претпријатие, поради што државата не е оштетена. На прашањето за продажбата за „Неметал Топола“, швајцарското претпријатие  “Kapa holding” за 10 милиони евра, Џурашковиќ изјавил дека 10 милиони евра од ПЗП „Ниш“ е префрлено на претпријатието „Шер“ и дека двете претпријатие биле во негова сопственост. Тој нагласил дека неможе да постои злоупотреба во приватни претпријатија. Адвокатот пак на ослободениот Предраг Филиповиќ изјавил дека неговиот клиент опишал се детално во врска со неговата работа со „Делта брокер“ Филиповиќ се сомничи дека извршил процена на акциите на ПЗП „Ниш“ и дека три пати ја зголемил нивната вредност. Полицијата и обвинителството се сомневаат дека така го зголемил и капиталот на ПЗП „Ниш“. Од друга страна неговиот адвокат тврди дека таа процена е направена по налог на една личност од претријатието на Марко Мишковиќ на Кипар.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени