Детроит пред банкрот!
Објавено во: Стил 03 Март, 2013 11:50
Откако неодамна беше прогласен за најбедниот град во САД, Детроит сега се наоѓа воуште потешка финансиска состојба и е на прагот од банкрот, соопшти гувернерот на американската сојузна држава Мичиген, Рик Снајдер.
Градоначаникот на Детроит, Дејв Бинг има рок од 10 дена да подготви план за спас на градскиот буџет или во спротивно тој ќе мора да назначи принуден управник на градот, посочи Снајдер.
Вкупниот долг на Детроит изнесува 14 милијарди долари, а вкупниот дефицит на градскиот буџет достигна 327 милиони долари. Ако не влезат пари однадвор, градот нема да може да ги покрие обврските во висина од 100 милиони долари кои доспеваат овие денови.
Детроит важи за центар на автомобилската индустрија на САД, но се наоѓа во криза уште од 70-те години на минатиот век, која се продлабочи за време на кризата.
Бројот на жителите на Детроит е преполовен во однос на 1950 година.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





