Девет супер-милијардери што возат „евтини“ брендови
Објавено во: Стил 01 Септември, 2018 21:40
Богатиот инвеститор и ко-основач на Мајкрософт, Пол Ален, вози најевтино возило меѓу супер-милијардерите, објави CNBC. Иако поседува 20,2 милијарди долари, вози Mazda B-Series, која стандардно чини 7.090 долари. Станува збор за листа од девет тајкуни кои се единствени што покажуваат скромност кога станува збор за автомобил.

Ништо „полош“ не е ниту магнатот за малопродажба Џим Волтон, кој има двојно повеќе пари од Ален ,а вози „само малку“ поскап автомобил од него. Неговото богатство вреди 45, 2 милиони долари, а има Dodge Dakota од 8,845 долари.

Основачот на Алибаба, Џек Ма, е на третата позиција. Има моќ од 34,8 милиони долари, а се служи со Roewe RX5 SUV од 15.000 долари.

Сопственикот на Амазон и најбогат човек на светот Џеф Безос има 154,2 милијарди, а користи Honda Accord од 16.995 долари.

Останатите пет милијардери кои возат условно евтини, односно брендови што не се луксузни се Стив Балмер ( Ford Fusion Hybrid), Марк Закерберг (Acura TSX), Лари Пејџ (Toyota Prius), Сергеј Брин (Toyota Prius) и Мајкл Блумберг (Chevrolet Suburban).
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





