19 Декември, 2025
0.0373

ДЕВОЈЧЕ ОД 15 ГОДИНИ ВЕЌЕ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ Е ПОСТОЈАНО ПОЗИТИВНО НА БРЗ КОРОНА ТЕСТ - ниту докторите не ги знаат причините

Објавено во: Свет 03 Февруари, 2022 11:44

Добивај вести на Viber

Брзиот антиген тест на коронавирус на 15-годишната Ева Валрабенштајн од Хановер покажува позитивен резултат веќе девет месеци. Но, кога се тестира со PCR тест, резултатот е секогаш негативен.

Лекарите не можат да најдат причина, а тинејџерката има проблеми секогаш кога прави брз тест за коронавирус.

Според германскиот RTL, а пренесен од списанието Fenix, на 13 април 2021 година, Ева за прв пат била тестирана на училиште со брз тест за корона. Тестот покажал позитивен резултат по што ја повикала мајка си Кристина да ја земе од училиште.

И тогаш започнува маѓепсаниот круг. Ева оди на ПЦР тест и е ставена во карантин додека не дојде резултатот. Три дена подоцна, дознава дека нема коронавирус. Следниот ден се враќа на училиште и наутро се тестира за корона со брз тест. Резултатот бил позитивен.

„Бев многу засрамена, под стрес. Не можев ништо да направам“, вели 15-годишното девојче.

Истото и се случувало со недели, пробала дури 30 различни брзи тестови за коронавирус, но сите дале позитивен резултат.

Докторите не знаат што се случува, а во почетокот никој не и верувал на девојката. Таа морала да направи неколку тестови во присуство на учител или лекар бидејќи тие не и верувале.

„Не учеа дека може да има лажно позитивни тестови, дека можеме да го направиме тестот погрешно итн. Отпрвин никој не ни веруваше. Во последните девет месеци мојата ќерка неколку пати беше ставена во карантин, пропушти многу часови и не можеше да прави ништо со пријателите. Бидејќи учеството во јавниот живот е можно само со брз тест или дополнителна вакцинација, мислев дека ова никогаш нема да заврши, бидејќи никој не можеше да најде причина зошто брзите тестови секогаш покажуваат дека ќерка ми е позитивна на короната“, вели нејзината мајка Кристин.

Во меѓувреме, управата на училиштето ја ослободила 15-годишната од обврските за тестирање, а таа примила две дози од вакцината.

„Мислевме дека тоа ќе помогне и извесно време таа ја имаше својата слобода додека властите не го воведоа правилото 2G Plus. Сега повторно се од почеток. Ева сега може да добие трета или засилена доза, а потоа ќе имаме мир додека не дојде правилото 2G плус - плус со ѕвездичка “, вели мајката.

Извор и фото: Индекс.хр

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела