19 Декември, 2025
0.2103

ДЕВОЈЧЕ ОД УКРАИНА ДОШЛО ВО ИЗРАЕЛ НА ЛЕКУВАЊЕ: Загина заедно со семејството

Објавено во: Свет 19 Јуни, 2025 18:09

Добивај вести на Viber

Настија Борик, седумгодишно девојче од Украина, кое побегнало во Израел за да се лекува од леукемија, загина во неделата во ирански ракетен напад врз градот Бат Јам, јужно од Тел Авив.

Веста ја објави израелскиот претседател Исак Херцог на платформата „Х“. Настја загина заедно со нејзината мајка Марија (30), бабата Лена (60) и роднините Илја (13) и Константин (9). Украинските власти во неделата соопштија дека во нападот загинале петмина украински државјани, но не дадоа дополнителни детали.

„Седумгодишното девојче од Украина, Настија Борик, дојде во Израел од Одеса за да добие спасувачки третман во една од врвните израелски болници. Дојде да бара живот. Наместо тоа, е убиена, заедно со мајката Марија, роднините Илја и Константин и бабата Лена од смртоносен ирански проектил кој ја погоди зградата во Бат Јами. Беа цивили. Бегалци. Семејство кое се надеваше. Запалени живи од проектилите на Ајатолахот – намерно испукани кон невините луѓе. Ние тагуваме со таткото на Настја и сите што ги сакаа и ги познаваа. Светот мора да ги осуди непростливите злосторства на Иран – и да застане со Израел против техеранското царство на злото“, напиша Херцог.

Веќе седум дена има напади меѓу Израел и Иран. 

foto X

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја