Девојка од Скопје погина во директен судар со автобус на ЈСП
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2016
Во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби млада девојка која со нејзиното Пежо била удрена од градски автобус на ЈСП, во населбата Гоце Селчев, Скопско во близина на надвозникот. Во несреќата учествувале автобус на ЈСП управувано од Т.П. и патничко моторно возило марка „Пежо партнер“ со скопски регистарски таблички, пренесува Нова ТВ.
На ургентен центар девојката била донесена околу 17.30 часот со тешки повреди. Лекарите се обиделе со реанимација, но тие обиди останале безуспешни, па таа околу 18 часот им подлегнала на повредите. Телото на починатата девојка ќе биде преземено од службите на АД Бутел и ќе биде пренесено во судска медицина
Според информации од очевидци, несреќата се случила кога на патот пред Пежото излегле кучиња па во обид да ги избегне, девојката преминала во спротивна лента директно удрила во автобусот.
Ова е втор случај на тешка сообраќајќа со жртви на овој пат во кратко време откако во септември на истиот пат беше прегазено 19-годишното момче Христијан Крстески.