Девојка во Русија по 14 години успеа да побегне од киднаперот откако се напил и му се слошило
Објавено во: Свет 01 Август, 2023 18:09
Девојка во Русија по цели 14 години успеа да побегне од киднаперите.
Жена чиј идентитет не е откриен, но која полицијата ја претставува како Екатарина Б, побегнала од подрумот каде што киднаперот ја чувал 14 години. Таа сега има 33 години, а е киднапирана во 2009 година. Девојката на полицијата рекла дека целото време била изложена на сексуална злоупотреба, пренесуваат руските медиуми.
Осомничениот Владимир Ческидов (51) моментално се наоѓа во психијатриска болница, под полициски надзор, а се соочува со обвиненија за убиство, силување и киднапирање.
Ческидов, наводно, убил уште една жена, 30-годишната Оксана, во 2011 година, соопшти Рускиот истражен комитет. Траги од тоа злосторство биле пронајдени во подрумот, пренесуваат руските медиуми Дејли Мејл.
Неговата мајка, Валентина, живеела во истата дрвена фарма во Смолина, регионот Чељабинск, и била свесна дека тој киднапирал жени, според извештаите.
Екатерина успеала да побегне откако мажот се напил, а мајката повикала брза помош поради него, велат од полицијата. Девојката била од „проблематично семејство“. Ја барала само нејзинаат сестра, а другите роднини не ја барале.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




