20 Декември, 2025
0.1009

ДЕВОЈКАТА ИМА 19 ГОДИНИ И ИМА МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО, КИДНАПИРАНА Е ОД ХАМАС - професорка од Израел бара помош за нејзино ослободување

Објавено во: Свет 09 Ноември, 2023 10:13

Добивај вести на Viber

Во дел од светските медиуми и портали се шири снимка на која 19-годишната Наама Леви е удирана во џип во Газа, со врзани раце зад грб, а нејзината сива тренерка била облеана во крв. Вака западните медиуми пишуваат за девојката која има потекло од Македонија.

Според ВОА на македонски јазик, девојката била киднапирана на 7 октомври при упадот на припадниците на Хамас во Израел. Информацијата ја пренела Рашел Леви Друмер, професорка во Израел, која има македонско потекло и која е вклучена во напорите за ослободување на девојката.

„Ми се јави господинот Шаул Леви, кој има корени од Македонија, и побара да помогнеме на кој било начин да се ослободи неговата внука. Има докази и видео од нејзе“,  изјавила професорката Друмер.

Тинејџерката е само една од многуте заложници кои беа оттргнати од нивните домови на 7-ми октомври. Според информациите, таа е мировна активистка, посветена на израелско-палестинскиот дијалог.

На социјалните мрежи веќе е објавено и видео од девојката, на кое се гледа дека била малтретирана. Преку видеото се бара помош за нејзино ослободување. Барање за помош е упатено и до Еврејската заедница во Македонија, за да се потврди нејзиното македонско потекло.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја