20 Декември, 2025
0.0511

Џихадистите напаѓаат цивилно население со боев отров

Објавено во: Свет 25 Декември, 2014 10:51

Добивај вести на Viber

Припадниците на Исламската држава при напад на еден град во ирачката провинција Анбар користеле бомби со отровен гас хлорин, пренесуваат светските медиуми. Според нивните информации нападот бил насочен кон регион во кој нема ирачка војска, туку само цивилно население кое веќе се месеци е изложено на постојани напади. „Џихадистите го бомбардираа дистриктот Багдад во провинцијата Анбар со боеви глави кои беа наполнети со хлорин“, наведуваат ирачките медиуми. Ирачките претставници претгодно кон средината на септември потврдиле дека џихадистите користат отровен гас во судирите со своите противници. Според нивните извештаи, сега бил нападнат градот Хит, кој се наоѓа северозападно од главниот град на провинцијата Анбар, Рамадија, кој е изложен по постојани напади. „Во дистриктот Багдад има недостаток на храна, медицинска опрема и млеко за децата, што пак доведува до голема смртност кај младата популација“, истакнуваат локалните безбедносни служби. Џихадистите го прекинале и доводот на вода во градовите на провинцијата Анбар, по што поставиле снајперисти со цел да спречат локалните власти да ги поправат оштетувањата во водоводната мрежа.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја