18 Мај, 2024
0.0278

Диетални чаеви – како функционираат?

Објавено во: Стил 24 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Прекумерната употреба може да биде многу штетна, но контролираната употреба може да доведе до сигурно губење на килограми.

Сигурно сте виделе повеќе огласи на кои се промовираат диетални чаеви со кои се губи вишокот на килограми. Дури ќе видите и луѓе на рекламата кои се колнат во нивната функционалност.

Но дали е возможно да истурите течност во чаша која ќе ве направи послаби, дали е толку лесно, или ова е само уште еден трик за ветувања на празно?

Што се диетални чаеви?

Тоа се хербални напитоци кои што ветуваат дека ќе ви ја намалат тежината преку потиснување на апетитот, преку забрзување на метаболизмот или преку зголемување на испуштањето на вода од вашиот организам. Ги има во повеќе облици и вкусови.

Како функционираат?

Има два типа на чаеви, стимулативни и лакстативни. Стимулативните го зголемуваат чукањето на срцето и крвниот притисок. За нив се вели дека го забрзуваат метаболизмот, додека во исто време го намалуваат апетитот. Ова резултира со намалено внесување на калории а истотака и побрзо согорување на веќе внесените.

Лаксативните го стимулираат движењето на цревата. Овој вид на чај делува како дијуретик. Брзиот губиток на килограми е често поврзан со дехидратација. Треба да се запомни дека лаксативните чаеви може да ви помогнат да изгубите неколку килограми набрзина, но телото истотака губи и поголеми количини на вода која ќе биде надокнадена кога ќе почнете да јадете и пиете нормално.

Сигурно користење на диеталните чаеви.

Повеќето корисници на диетални чаеви се загрижени за несаканите дејствија. Прекумерната употреба може да биде многу штетна, но контролираната употреба може да доведе до сигурно губење на килограми. Доколку конзумирате стимулативни чаеви тогаш внимавајте на вашиот крвен притисок, особено доколку вежбате. За да не станете зависни од диетални чаеви ве советуваме да правите пауза на неколку дена. Доколку почувстувате вртоглавица или дијареа, веднаш престанете со конзумирањето.

Не постои брз начин да ги намалите килограмите, но диеталните чаеви ќе ви овозможат побрзо губење на килограмите доколку се имплементирани во диетален режим.