19 Декември, 2025
0.0420

Дигитализацијата на телевизиите во нова фаза, министерот бара помала претплата

Објавено во: Економија 11 Мај, 2013 20:55

Добивај вести на Viber

Годишниот надомест за дигитализација на телевизиите од страна на операторот ONE да биде намален за 36%. Ова го побара денеска министерот за информатичко општество Иво Ивановски со цел да им се помогне на телевизиите во прифаќањето на дигитализацијата.

Оттука, годишната претплата на националните телевизии со намалувањето од 36 отсто, посочи Ивановски,  би изнесувало 100 илјади наместо 150 илјади, а за регионалните телевизии 13056, наместо повеќе од 20 илјади евра. Министерот соопшти и дека ова барање веќе го испратил до ONE, но операторот, изјави Ивановски, се согласил само на намалување за 10 отсто.

„Ние со тоа не сме задоволни и денеска предлагаме и порачуваме до ONE операторот да ја разгледаат можноста и да ги намалат цените со следниве параметри: за националните телевизии 100 илјади евра годишен надомест што значи попуст од 36 проценти, а за регионалните телевизии тоа да изнесува 13.056 евра годишен надомест. Тоа се исто така 36 проценти намалување“, изјави министерот Ивановски.

Покрај ова, од министерството најавија и дека ќе достават измени на Законот за радиодифузна дејност, со којшто се предвидува пет регионални телевизии да зрачат до Градот Скопје и скопските општини односно поделба на зоната Д1. Станува збор за две телевизии од Кавадарци (КТВ и Тиквешија), две од Велес (Здравкин и Канал 21) и една од Свети Николе (ТВ Свет). Ивановски потенцираше дека со ова телевизиите ќе заштедат многу средства и ќе се исполни нивното барање да не го покриваат градот Скопје и скопските општини со што би се создала нелојална конкуренција. Националните телевизии и досега разговараа за условите при склучување на договорот за годишнатата претплата за дигитализација. Операторот ОНЕ треба да почне да ги пренесува од први јуни и е единствениот оператор кој пројави интерес за оваа област и го доби тендерот за дигитализацијата.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?