05 Декември, 2025
0.3178

Дигитална трансформација на македонскиот туризам! Патот до повисоки приходи и поголема независност

Објавено во: Колумни 15 Септември, 2025 09:04

Добивај вести на Viber

Во време на брзи технолошки промени и глобална конкуренција, туристичката индустрија во Македонија стои пред јасен предизвик – како да остане конкурентна, профитабилна и одржлива, особено за малите и средни туристички капацитети.

Додека големите синџири и глобални платформи (како Booking.com или Airbnb) доминираат на пазарот, локалните хотели, апартмани и вили честопати се зависни од посредници, плаќајќи високи провизии и губејќи контрола врз својата понуда. Токму овде се јавува Quendoo.mk – дигитална платформа која им ја враќа моќта на локалните играчи.

Преку оваа платформа локалните сместувачки капацитети стануваат повидливи за странските туристи и туристички агенции, овозможено им е побрзо и поедноставно да добијат директни резервации и поголеми приходи, без да даваат високи 20% проценти на Booking.com или Airbnb.

Искуствата од регионот се позитивни! 38 хотели со над 7500 соби дел од туристичките капацитети во Албена, соседна Бугарија, за само една година откако почнаа да го користат Quendoo системот за резервации, го зголемија бројот на директни резервации за 30%, а ги зголемија и приходите.

Најголемата вредност на Quendoo е во тоа што овозможува директен контакт со гостинот. Преку интеграција на модерен booking engine на сопствената веб-страница, хотелите можат да: примаат резервации 24/7, без посредници, по најдобра цена и самите да креираат специјални понуди и попусти за гостите. А кога веќе ќе се воспостават релации да изградат сопствена база на клиенти, можност за ре-маркетинг, раст на лојалноста и повторна продажба.

Платформата не се ограничува само на резервации. Quendoo вклучува Channel Manager, кој овозможува централизирано управување со сите продажни канали (Booking, Airbnb, Expedia и др.), како и Revenue Management алатки, CRM, email маркетинг и оптимизирани веб-страници.

За хотелиерите, тоа значи контрола, ефикасност и раст. За туристичкиот сектор дигитална зрелост и поголема глобална видливост.

Quendoo го разбира локалниот контекст и потребите на локалните бизниси. Па така наместо хотелите да се прилагодуваат на глобалните платформи, овде платформата се прилагодува на нив – на македонски јазик, со локална поддршка и флексибилни ценовни модели. Дополнително, преку Quendoo може да соработуваат туристички агенции, институции и приватни изнајмувачи, со што се дигитализира целиот туристички екосистем.

Македонија како туристичка дестинација има сериозен потенцијал, природни ресурси, културно наследство, гастрономија и гостопримство,но, без дигитална туристичка инфраструктура, тој потенцијал останува неискористен.

Решенијата како Quendoo се мост помеѓу традицијата и иднината. Тоа не е само софтвер, туку визија за тоа како македонскиот туризам може да прерасне од зависен пазар во самоуверен регионален бренд.

Во постпандемискиот свет, каде секоја резервација и секој гостин се важни, алатките кои даваат директен пристап, контрола и анализа повеќе не се луксуз, туку неопходност. Quendoo е доказ дека решението не мора да се бара надвор – тука е, локализирано, и подготвено да ја трансформира индустријата од темел.

За авторот

Влатко Сулев еГенерален менаџер на Balkan Prime Tours, Vice President на Spiti World Network  бизнис мрежа натур оператори кои работат дојдовен туризами претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ). Balkan Prime Tours е компанија која организира тури во Македонија и на балканот за странски туристи од 2007 година. Благодарение на оваа компанијаилјадници странски туристи изминативе години ја имаат посетено Македонија, што ги прави вистински промотери и амбасадори на нашата земја и Балканот.Компанијата има своја канцеларија во Скопје, но и во Софија, Подгорица и Тирана, соработува со огромен број на хотели, ресторани и семејни туристички работници од регионот, за да креира автентични туристички понуди според желбите на туристите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Зеленски „под контрола“!

Зеленски „под контрола“!

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?