20 Декември, 2025
0.0477

Дилма Русеф останува на чело на Бразил

Објавено во: Свет 27 Октомври, 2014 11:12

Добивај вести на Viber

Актуелната претседателка на Бразил Дилма Русеф доби уште еден мандат на функцијата, откако вчера победи во вториот круг од претседателските избори во земјата. Канидатката на Работничката партија освои 51,6% од гласовите, додека нејзиниот противник Есио Невес од бразилската Социјалдемократска партија освои 48,4% од гласовите. Ова се податоци добиени врз основа на сите пребројани гласови. Сепак резултатот покажува длабока поделеност во земјата по силната жестока кампања со обвинувања за корупција, непотизам, но и лични навреди меѓу двете спротивставени страни. Ова е најтесна победа на еден бразилски претседател од првите директни претседателски избори во земјата во 1989 година, по воената диктатура во земјата. Реизбраната претседателка се соочува со големи предизвици во својот втор мандат, а приоритет секако ќе биде економијата во застој, корупцијата и поделбата меѓу Брзаилците. Но, Дилма Русеф ќе мора да спроведе и политички реформи во поделениот Конгрес, во кој владејачката коалиција има послаба поддршка отколку пред четири години. „Сакам да бидам многу подобар претседател отколку што бев досега“, рече Русеф по изборот.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја